1 Коринтјаните 13:10-12
1 Коринтјаните 13:10-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
а кога ќе дојде времето на совршенството, се што е нецелосно ќе исчезне. Кога бев дете, зборував како дете, размислував како дете и расудував како дете. Кога станав зрел човек, престанав да се однесувам како дете. Ние сега гледаме нејасно, како во замаглено огледало, а тогаш ќе бидеме лице в лице со Бог, и се ќе ни стане јасно. Се што знам сега е нецелосно, а тогаш се ќе знам совршено, како што мене Бог совршено ме познава.
1 Коринтјаните 13:10-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното. Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детското. Сега гледаме како низ огледало, нејасно, а тогаш – лице в лице; сега спознавам делумно, а тогаш ќе спознаам совршено како што и сум спознаен.
1 Коринтјаните 13:10-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното. Кога бев дете, зборував како дете, мислев како дете, расудував како дете. А кога станав маж, го отстранив детинското. Зашто, сега гледаме како во огледало - нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат.