1 Коринтјаните 10:19-20
1 Коринтјаните 10:19-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Што сакам да кажам со ова? Дали идолите на кои паганите им принесуваат жртви се вистински богови и дали од тие жртви има некаква придобивка? Се разбира, не! Она што тие го принесуваат како жртва им го принесуваат на демоните, а не на Бог, а јас не сакам вие да општите со демони.
Сподели
Прочитај 1 Коринтјаните 101 Коринтјаните 10:19-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А што да кажам? Дека идолските жртви се нешто, или дека идолот е нешто? Не! Но она што го принесуваат незнабошците како жртва, го принесуваат на демони, а не на Бога; јас, пак, не сакам да бидете во заедништво со демоните.
Сподели
Прочитај 1 Коринтјаните 101 Коринтјаните 10:19-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Па што сакам да речам? Дали жртвуваното на идолите е нешто; или дека идолот претставува нешто? Не, туку дека она што народите го жртвуваат, им го жртвуваат на бесовите, а не на Бога; а јас не сакам вие да бидете во заедница со бесовите.
Сподели
Прочитај 1 Коринтјаните 10