Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 95

95
ПСАЛМ 95
Похвална песна за Господа – Царот на вселената
1 # 32,3; 97,1; Ис 42,10 Кога се градеше храмот по ропството; песна на Давид.
Пејте Му на Господа песна нова,
пеј Му на Господа, цела земјо.
2Пејте Му на Господа, благословете го името Негово,
благовестете го од ден на ден спасението Негово;
3 # 97,2; 104,1 објавувајте ја меѓу незнабошците славата Негова,
меѓу сите народи – чудесата Негови.
4 # 47,1; 94,3; 144,3 Зашто велик е Господ и многу фален,
страшен е над сите богови.
5 # 32,6; 96,7; 114,4-8; 120,2; 133,3; 134,15-18; Ис 40,17-20; 40,23; 47,4-6; Ер 10,2-5; 1 Кор 8,4-6; 1 Мојс 1,1; 2 Мојс 20,11; Ис 40,22; 40,24-25; 45,17 Зашто сите богови на незнабошците се демони,
а Господ небесата ги создаде.
6 # 103,1 Славата и убавината се пред Него,
светоста и велелепието – во светињата Негова.
7 # 28,1-2 Принесете Му на Господа, вие, родови народни,
принесете Му на Господа слава и чест;
8принесете Му ја на Господа славата, на името Негово,
земете жртви и влезете во дворовите Негови.
9 # 113,7 Поклонете Му се на Господа во Неговиот свет двор,
нека се потресе од лицето Негово целата земја.
10 # 9,8; 92,1; 96,1 Речете им на народите: „Господ се зацари,
зашто ја утврди вселената, која нема да се помести;
ќе им суди на народите чесно“.
11 # 97,7; Ис 44,23; 48,12 Нека се веселат небесата и нека се радува земјата,
да се потресе морето и сѐ што е во него;
12 # Ис 55,12 ќе се зарадуваат полињата и сѐ што е во нив;
тогаш ќе се зарадуваат сите дрвја во шумата
13 # 9,8; 97,9; Мудр 9,3 пред лицето Господово, зашто Тој доаѓа,
зашто доаѓа да ѝ суди на земјата;
ќе ѝ суди на вселената праведно
и на народите во вистината Своја.

Селектирано:

Псалми 95: MAK2024PS

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се