Псалми 87
87
ПСАЛМ 87
Молитва во тешко искушение и во смртна опасност
1Песна на псалмот за Кореевите синови;
за крајот, за Маелет да одговори;
за поука на Еман Израилецот.
2Господи, Боже на моето спасение,
дење и ноќе повикувам пред Тебе.
3Нека излезе пред Тебе молитвата моја,
приклони го увото Твое кон молењето мое.
4 #
Јов 10,15; 16,1 Зашто душата моја се исполни со зло
и животот мој се приближи до адот.
5 #
17,4; 41,7; 142,7; 4 Мојс 16,33 Вброен бев меѓу оние што слегуваат во јама,
станав како човек беспомошен,
слободен меѓу мртвите.
6Како ранети што почиваат во гроб,
на кои веќе не се сеќаваш,
и што од раката Твоја беа отфрлени.
7Ме поставија во најдлабоката јама,
во темнини и во сенката на смртта.
8Врз мене натежна јароста Твоја
и сите бранови Твои ги наведе на мене.
9 #
37,11; 141,7; Плач 3,7 Моите познаници ги оддалечи од мене,
тие се згнасија од мене;
предаден бев и не можев да излезам.
10Очите мои изнемоштеа од сиромаштија;
по цел ден повикував кон Тебе, Господи,
ги протегав кон Тебе рацете мои.
11 #
6,5; Ис 38,18 На мртвите ли ќе им правиш чудеса?
Или лекарите ќе ги воскреснат нив, та ќе Те слават?
12Зар во гробот некој ќе раскажува за милоста Твоја
и во пропаста за вистината Твоја?
13Зар во темнината ќе се познаат чудата Твои
и во земјата заборавена правдата Твоја?
14Но јас повикав кон Тебе, Господи,
и наутро молитвата моја Те испреварува.
15Зошто, Господи, ја отфрлаш душата моја,
го одвраќаш лицето Свое од мене?
16Јас сум сиромав и уште од младини се мачам.
Бев издигнат, па се понизив и изнемоштев.
17Врз мене дојдоа Твоите гневови,
Твоите заплашувања ме потресоа,
18 #
Јов 19,13
по цел ден ме опкружуваа како вода,
сите заедно ме опфатија.
19Од мене ги оддалечи пријателот и ближниот,
и од страдањето мое познаниците мои.
Селектирано:
Псалми 87: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024

:
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024