Псалми 85
85
ПСАЛМ 85
Молитва во голема неволја
1 #
39,17
Молитва на Давид.
Приклони го, Господи, увото Свое и услиши ме,
зашто сум сиромав и беден.
2 #
24,20
Запази ја душата моја, зашто сум свет,
спаси го слугата Свој, Боже мој, кој се надева на Тебе.
3Помилуј ме, Господи,
зашто по цел ден кон Тебе ќе повикувам.
4 #
24,1; 142,8 Развесели ја душата на слугата Твој,
зашто кон Тебе, Господи, ја издигнав душата своја.
5Зашто Ти си, Господи, добар и снисходлив и многумилостив
кон сите што Те повикуваат.
6 #
5,1-2; 27,2; 129,2 Чуј ја, Господи, молитвата моја
и внимавај на гласот од молењето мое.
7 #
16,6; 76,2 Во денот на жалоста моја повикав кон Тебе,
зашто ме услиша.
8 #
34,10; 88,6; 2 Мојс 15,11; 5 Мојс 3,24; Ер 10,6 Нема сличен на Тебе меѓу боговите, Господи,
и нема дела како Твоите.
9 #
21,27-29; 65,4; 86,4-6; 101,15.22; Откр 15,4 Сите народи што ги создаде ќе дојдат
и ќе се поклонат пред Тебе, Господи,
и ќе го прослават името Твое.
10Зашто Ти си велик и Ти правиш чуда,
Ти си единствен Бог.
11 #
25,3; 26,11; 142,8 На Твојот пат упати ме, Господи,
и ќе одам во вистината Твоја.
Срцето мое нека се зарадува во трепетот од името Твое.
12 #
9,1; 51,9 Ќе Те исповедам и ќе Те фалам, Господи, Боже мој, со сето срце свое
и ќе го славам името Твое довека,
13 #
87,6; 5 Мојс 32,22; Ез 32,23 зашто голема е Твојата милост врз мене
и Ти ја избави душата моја од најдолниот ад.
14 #
53,4
Боже, беззакониците станаа против мене,
и собраните моќници ја побараа душата моја
и не Те поставија Тебе пред себе.
15 #
102,8; 144,8; 2 Мојс 34,6 А Ти си милосрден и милостив, Господи, Боже мој,
долготрпелив, и многумилостив и вистинит.
16 #
24,16; 115,7 Погледни на мене и помилуј ме;
на слугата Свој дај му ја силата Твоја
и спаси го синот на слугинката Своја.
17Направи со мене знак за добро,
та оние што ме мразат да видат и да се посрамат;
зашто Ти, Господи, ми помогна и ме утеши.
Селектирано:
Псалми 85: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024

:
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024