Псалми 79
79
ПСАЛМ 79
Молитва за обнова на Израил
1 #
44,1
За крајот. За она што ќе биде изменето. Сведоштво на Асаф, псалм за Асирецот.
2 #
17,10; 2 Мојс 25,18; 1 Цар 4,4; Ез 34,11 Ти што го напасуваш Израилот, внимавај!
Ти што како стадо овци го водиш Јосифа,
Ти што врз херувимите седиш, покажи се.
3Пред Ефрем, и Венијамин и Манасиј воздигни ја силата Своја
и дојди да нѐ спасиш.
4 #
4,6; 66,1; 4 Мојс 6,25; Дан 9,17 Боже, врати нѐ назад,
и објави ја светлината на лицето Твое и ќе се спасиме.
5 #
43,23; 73,1 Господи, Боже на силите,
до кога ќе се гневиш на молитвата од слугите Твои?
6 #
41,3
Со леб од солзи ли ќе нѐ наситуваш
и со солзи ли прекумерно ќе нѐ напојуваш?
7 #
78,4
Нѐ постави во препирка со соседите наши
и непријателите наши ни се потсмеваа.
8Господи, Боже на силите, врати нѐ,
и објави ја светлината на лицето Твое, и ќе се спасиме.
9 #
Ис 5,1-7; 26,2-5; Ер 2,21; 11,9; Ос 10,1; Мт 21,33-41; Јн 15,1-6 Лозјето од Египет го пренесе,
ги изгони незнабошците и го засади;
10направи пат пред него и ги засади корењата негови,
па ја исполни земјата.
11Неговата сенка ги покри горите,
неговите гранки – кедрите Божји;
12неговите ластари допреа до морето
и фиданките негови дури до реките.
13 #
Ер 12,7-13
Зошто ја сруши оградата негова,
та го берат сите што минуваат покрај патот?
14Горскиот вепар го опустоши
и дивиот ѕвер го изеде.
15Боже на силите, сврти се,
и погледни од небото и види,
и посети го ова лозје
16и усоврши го, кое го засади десницата Твоја;
погледни и на синот човечки, кого го утврди за Себе.
17Со оган тоа е изгорено и раскопано;
од заканата на лицето Твое тие ќе пропаднат.
18Да биде раката Твоја на човекот на Твојата десница
и на синот човечки, кого го утврди за Себе.
19И нема да отстапиме од Тебе,
ќе нѐ оживееш и името Твое ќе го повикуваме.
20Господи, Боже на силите, врати нѐ назад,
и објави ја светлината на лицето Твое и ќе се спасиме.
Селектирано:
Псалми 79: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024

:
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024