Псалми 63
63
ПСАЛМ 63
Молитва за Божјата помош против лукавите непријатели и клеветници
1За крајот. Псалм на Давид.
2Услиши го, Боже, гласот мој кога Ти се молам,
избави ја душата моја од стравот од непријателите.
3Ме засолни од бунтот на злобниците,
од мнозина што прават неправда,
4 #
10,2; 54,21; 56,4; 58,7; 139,3; Ер 9,3 кои ги наострија како меч јазиците свои,
лакот свој го затегнаа, таа работа горка,
5за да стрелаат скришно на непорочниот,
одненадеж ќе стрелаат во него
и нема да се плашат.
6 #
9,31; 93,7; Ис 29,15; Изреки 1,11-12; 6,13 Зло слово утврдија во себе,
раскажуваа како замката ќе ја скријат;
рекоа, кој ќе ги види?
7 #
Ер 11,20; Проп 7,24 Го испитуваа беззаконието,
се истрошија испитувајќи и истражувајќи.
Ќе пристапи човек и срце длабоко
8 #
7,12-13; 37,2; 5 Мојс 32,42 и ќе се возвиши Бог.
Стрела детска станаа ударите нивни
9 #
21,7; 43,14 и изнемоштеа во нив јазиците нивни.
Се збунија сите што ги гледаа
10 #
39,3; 51,6 и се исплаши секој човек.
И ги објавија делата Божји
и творбите Негови ги разбраа.
11Ќе се развесели праведникот во Господа,
и ќе се надева на Него
и ќе се пофалат сите со чесно срце.
Селектирано:
Псалми 63: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024

:
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024