Псалми 57
57
ПСАЛМ 57
Против неправедните судии
1За крајот. Не погубувај! На Давид, за натпис на столб.
2 #
81,2; 5 Мојс 16,19; Мих 2,1 Дали навистина говорите правда?
Дали чесно судите, синови човечки?
3Зашто во срцето беззаконие кроите на земјата,
рацете ваши неправда плетат.
4Се отуѓија грешните уште од зачнувањето,
се заблудија уште од утробата, говореа лага.
5 #
139,3; 5 Мојс 32,33 Нивната јарост прилега на змија,
слично како кај глува аспида,
која ги затнува ушите свои,
6 #
Проп 10,11
која нема да го чуе гласот на оној што замајува,
ниту вражалката на искусниот вражалец.
7 #
3,7; 34,17; 56,4 Бог им ги скрши забите во устите нивни,
Господ ги здроби катниците лавовски.
8 #
36,2; 2 Цар 14,14; Јов 11,16; 13,11; Мудр 16,29; 17,14 Ќе се уништат како вода што истекува,
лакот Свој ќе го затегне додека не изнемоштат.
9 #
Јов 3,16; Проп 6,3-4 Како восок растопен ќе исчезнат;
падна оган на нив и не го видоа сонцето.
10 #
Ос 13,3; Наум 1,10; Јов 21,18; 27,21 Уште пред вашите боцки да го познаат трнот,
уште како живи, како во гнев ќе ве проголта.
11 #
34,27; 51,6; 67,23; 1,3; Мал 2,17; 3,17; Јов 19,29 Ќе се зарадува праведникот кога ќе ја види одмаздата,
рацете свои ќе ги измие во крвта на грешникот.
12И ќе рече човек: „Навистина има плод за праведникот,
навистина има Бог Кој им суди на земјата!“
Селектирано:
Псалми 57: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024

: