Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 52

52
ПСАЛМ 52
Безумствата на безбожниците
1За крајот, за Маелет; за поучување, на Давид.
2Рече безумниот во срцето свое: „Нема Бог!“
Се расипаа и се изгнасија во беззаконија,
нема кој да прави добро.
3Бог од небото погледна на синовите човечки,
за да види дали има некој разумен
или некој што Го бара Бога.
4Сите застранија, заедно бесполезни станаа,
нема кој да прави добро, нема ниту еден.
5Зар нема да се вразумат сите што вршат беззаконие,
што го јадат народот мој како лебот што го јадат –
тие Бога не Го повикаа.
6Затрепереа од страв, таму каде што страв немаше,
зашто Бог ги распрсна коските на човекоугодниците;
се посрамија, зашто Бог ги сотре.
7Кој ќе го даде од Сион спасението на Израилот?
Кога Господ ќе ги врати назад заробените од народот Свој,
ќе се зарадува Јаков и ќе се развесели Израил.

Селектирано:

Псалми 52: MAK2024PS

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се