Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 45

45
ПСАЛМ 45
Бог е со нас. Тој е наше прибежиште и сила
1За крајот. За Кореевите синови, псалм за тајните.
2 # 61,8 Бог ни е прибежиште и сила,
помошник во неволите што силно нѐ зафатија.
3 # Ис 54,10; Јов 9,5-6 Затоа нема да се уплашиме кога земјата се тресе
и горите се преместуваат во срцето морско.
4 # 92,3 Забучеа и се разбрануваа водите нивни,
се затресоа горите од силата Негова.
5 # 67,16 Речните брзаци го веселат градот Божји;
Севишниот го освети живелиштето Свое.
6 # 124,1 Бог е среде него и тоа нема да се поколеба;
ќе му помогне Бог уште пред зори.
7 # Откр 11,18; Пс 28,1-11 Се збунија народите, царствата се разнишаа;
го пушти гласот Свој, се затресе земјата.
8 # 9,9; 47,3; Ис 7,14; 8,9 Господ на силите е со нас,
заштитник ни е Бог Јаковов.
9 # 65,5 Дојдете и видете ги делата Божји,
чудесата што ги постави на земјата.
10 # 75,3; Ос 2,18 Прекратувајќи ги војните до краиштата земни,
ќе го скрши лакот, и оружјето ќе го здроби
и штитовите ќе ги изгори со оган.
11 # 5 Мојс 32,39 „Здивнете и познајте дека Јас сум Бог;
ќе се воздигнам во народите,
ќе се воздигнам на земјата“.
12Господ на силите е со нас,
заштитник ни е Бог Јаковов.

Селектирано:

Псалми 45: MAK2024PS

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се