Псалми 40
40
ПСАЛМ 40
Жалење поради лоши непријатели и неверни пријатели
1За крајот: псалм на Давид.
2 #
Изреки 14,21; Тов 4,7-11 Блажен е оној што го разбира сиромавиот и бедниот;
во злочест ден Господ ќе го избави.
3 #
26,12
Господ ќе го запази и ќе го поживее
и блажен ќе го направи на земјата;
и нема да го предава во рацете на непријателите негови.
4Господ ќе му помогне кога лежи болен в постела.
Сето негово легло, заедно со болеста негова, Ти си го променил.
5 #
6,2; 29,2 Јас реков: „Господи, помилуј ме,
исцели ја душата моја, зашто Ти згрешив!“
6 #
30,11-13; 37,16-19; Ер 20,10 Моите непријатели зборуваа лошо за мене:
„Кога ќе умре и кога ќе загине името негово!?“
7И оној што влегуваше за да види, зборуваше бесмислици;
срцето негово собра беззаконие во себе,
па излегуваше надвор и го зборуваше истото.
8Сите непријатели мои шепотеа против мене,
против мене смислуваа зло.
9Незаконито слово произнесоа против мене:
„Нели овој што спие нема веќе да стане?“
10 #
37,11; 54,13; Мк 14,18; Јн 13,18 Па дури и човекот на мојот мир, на кого се надевав,
оној што го јадеше лебот мој –
и тој ја подигна својата пета за да ме препне.
11А Ти, Господи, помилуј ме и подигни ме,
па ќе им возвратам.
12По ова познав дека сум Ти мил –
бидејќи непријателот мој не се ситеше на мене;
13 #
71,18-19; 88,52; 105,48; Дан 2,20; Лк 1,68 поради мојата незлобливост Ти си ме прифатил
и си ме утврдил пред Себе довека.
14Благословен е Господ, Бог Израилев, од века и довека!
Нека биде, нека биде!
Селектирано:
Псалми 40: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024

: