Псалми 36
36
ПСАЛМ 36
Привидниот напредок на безбожниците
1 #
Мал 2,17; 3,13; Изреки 23,17; 23,19 Псалм на Давид.
Не завидувај им на тие што чинат зло
и не љубомори на оние што вршат беззаконие,
2 #
89,6; 91,7; 101,4.11; 102,15; 128,6; 4 Цар 19,26; Ис 40,7; Јов 14,2; Мт 6,30; Јк 1,10-11; 1 Птр 1,24 зашто тие наеднаш ќе се исушат како трева
и како зелје наеднаш ќе свенат.
3Надевај се на Господа и прави добро,
насели ја земјата и ќе се наситиш од нејзиното богатството.
4Насладувај се во Господа
и желбите на твоето срце Тој ќе ги исполни.
5Откриј Му го на Господа патот свој
и надевај се на Него и Тој ќе делува;
6 #
Ис 58,10; Мудр 5,6 и ќе ја изведе правдата твоја како светлина
и судот твој – како пладне.
7 #
61,5
Покори Му се на Господа и умоли Го.
Не завидувај му на оној што напредува на својот пат,
на човек што врши беззаконие.
8Запри го гневот и остави ја јароста,
не завидувај дотолку за да направиш зло,
9 #
24,13
зашто оние што вршат зло, ќе бидат истребени,
а оние што Го чекаат Господа, ќе ја наследат земјата.
10 #
Јов 5,3; 8,15-17; 20,7-8 Уште малку и грешникот ќе го нема;
ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш.
11 #
Ис 57,13; Мт 5,5 А кротките ќе ја наследат земјата
и ќе се насладуваат во изобилен мир.
12 #
34,16
Грешникот ќе го демне праведниот
и над него ќе крцка со забите,
13 #
2,4
но Господ ќе го исмее
зашто однапред гледа дека му се ближи крајот.
14 #
7,12; 10,2 Грешниците извадија меч,
го затегнаа лакот свој за да ги соборат бедниот и сиромавиот,
за да ги погубат чесните по срце.
15 #
7,14-16; 9,15; 56,6; Ис 33,11; Ос 8,7; 10,13; Јов 4,8; 15,35; Изреки 1,31; 5,21; 14,32; 22,7; 26,27; Мудр 11,16; 11,22; Сир 27,25-27 Нивниот меч нека продре во срцето нивно
и лаковите нивни нека се скршат.
16 #
Изреки 15,16; 15,8 И она малку на праведниот е подобро
одошто големото богатство на грешниците.
17Зашто мишките на грешниците ќе бидат здробени,
а праведните Господ ги поткрепува.
18 #
1,6; 30,7 Господ ги знае патиштата на непорочните;
и нивното наследство ќе биде довека;
19во зло време нема да бидат посрамени
и во деновите на глад ќе се наситат;
20зашто грешниците ќе загинат,
а непријателите Господови, заедно со својата слава и величие,
ќе исчезнат како што исчезнува чадот.
21Грешникот зема на заем и не враќа,
а праведниот сочувствува и дава,
22 #
Мт 25,34.41 зашто оние што Го благословуваат,
ќе ја наследат земјата,
а оние што Го проколнуваат,
ќе бидат истребени.
23 #
Изреки 20,24
Господ ги насочува чекорите на човекот
и Тој ќе го засака патот негов.
24 #
3,5
Кога ќе падне, нема да се раскости,
зашто Господ го држи за рака.
25Млад бев и, ете, остарев,
но не видов праведник што е напуштен,
ниту потомството негово да проси леб;
26секогаш е милостив, и на заем дава
и потомството негово ќе биде благословено.
27 #
33,14
Клони се од зло и прави добро,
па живеј во вечни векови.
28Зашто Господ го сака судот
и Своите светии нема да ги остави;
ќе ги запази довека.
А беззакониците ќе бидат изгонети
и потомството на безбожниците ќе биде истребено.
29Праведните ќе ја наследат земјата
и на неа ќе живеат во вечни векови.
30Устата на праведниот ќе ја проучува мудроста,
а јазикот негов ќе изговара суд.
31 #
5 Мојс 6,3.6; Ер 31,33 Законот на неговиот Бог му е во срцето;
и неговите чекори нема да се спрепнат.
32Грешникот го демне праведниот
и бара да го убие;
33но Господ нема да го предаде во рацете негови
и нема да го осуди, кога ќе му суди.
34Чекај Го Господа и чувај го патот Негов;
Тој ќе те воздигне за да ја наследиш земјата;
и ќе го гледаш истребувањето на грешниците.
35 #
Ис 2,13; 13,13; Ез 31,10-12 Видов безбожник кој се превознесуваше
и се издигаше како кедар ливански.
36Поминав и, ете, го нема;
го побарав и неговото место не можеше да се најде.
37 #
Изреки 23,18; 23,14 Чувај ја незлобливоста и внимавај на чесноста,
зашто тоа останува од мирниот човек;
38а сите беззаконици ќе бидат истребени;
она што останува од безбожниците ќе биде уништено.
39 #
9,9; 26,1 Спасението, пак, на праведните е од Господа
и Тој е нивен заштитник во тешко време;
40и ќе им помогне Господ и ќе ги избави;
ќе ги оттргне од грешните и ќе ги спаси,
зашто на Него се надеваа.
Селектирано:
Псалми 36: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024

:
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024