Псалми 118
118
ПСАЛМ 118
Слава на законот Божји
1 #
1,1; 111,1; 127,1; 5 Мојс 10,12; Изреки 8,32; 28,18; Мт 5,3-4; Лк 11,28 Алилуја! Блажени се непорочните на патот,
оние што одат во законот Господов.
2 #
5 Мојс 4,29; 2 Лет 31,21 Блажени се оние што ги испитуваат сведоштвата Негови,
со сето срце ќе Го бараат Него.
3Зашто оние што вршат беззаконие,
не одеа по патиштата Негови.
4Ти повела целосно
да се пазат Твоите заповеди.
5 #
3 Цар 8,61
О, кога би се исправиле моите патишта
кон запазување на Твоите одредби.
6Тогаш не би се посрамил,
внимавајќи на сите заповеди Твои.
7 #
85,12
Ќе Те славам, Господи, со чесно срце,
кога ќе ги научам судовите на правдата Твоја.
8Одредбите Твои ќе ги пазам,
не оставај ме сосема.
9 #
Изреки 1,4
Како ќе го исправи својот пат младиот човек?
Ако ги пази зборовите Твои.
10Со сето срце свое Те побарав,
не отфрлај ме од заповедите Твои.
11 #
36,31; Ис 51,7; Дан 7,28; Лк 2,19.51 Во срцето свое ги сокрив зборовите Твои,
за да не Ти згрешам Тебе.
12 #
24,4; 142,10 Благословен си, Господи,
научи ме на одредбите Твои.
13 #
1,2
Со усните мои ги објавив
сите судови на устата Твоја.
14 #
Мудр 7,11
На патот на сведоштвата Твои
се насладував како со секакво богатство.
15Во заповедите Твои ќе се задлабочам
и ќе ги разберам патиштата Твои.
16 #
Рим 7,22
Во одредбите Твои ќе се поучам,
нема да ги заборавам зборовите Твои.
17Возврати му на слугата Твој,
оживеј ме и ќе ги пазам зборовите Твои.
18 #
2 Мак 1,4
Отвори ми ги очите
и ќе ги разберам чудесата од законот Твој.
19 #
38,12
Јас сум дојденец на земјата,
не сокривај ги од мене заповедите Твои.
20Копнее душата моја
посакувајќи ги судовите Твои во секое време.
21 #
5 Мојс 27,26
Им се закани на горделивите,
проклети се оние што скршнуваат од заповедите Твои.
22 #
Тов 3,15
Земи ги од мене прекорот и презирот,
зашто сведоштвата Твои ги испитав.
23Зашто кнезовите седеа и ме клеветеа;
а слугата Твој се задлабочуваше во одредбите Твои.
24Зашто сведоштвата Твои се поука за мене
и одредбите Твои се совети за мене.
25 #
43,25
Се прилепи за земјата душата моја,
оживеј ме според зборот Твој.
26Патиштата мои ги објавив и Ти ме услиша;
научи ме на одредбите Твои.
27 #
1 Цар 12,23
На патот на одредбите Твои вразуми ме
и ќе се задлабочам во чудесата Твои.
28Задрема душата моја од очај,
утврди ме во зборовите Твои.
29Патот на неправдата оттргни го од мене
и со законот Твој помилуј ме.
30Патот на вистината го избрав
и судовите Твои не ги заборавив.
31 #
5 Мојс 11,22; Ер 13,11 Се прилепив за сведоштвата Твои, Господи,
немој да ме посрамиш.
32 #
24,17; Ис 60,5; Ер 31,33; 2 Кор 6,11 По патот на заповедите Твои трчав,
кога го рашири срцето мое.
33 #
18,11
Постави ми го како закон, Господи,
патот на одредбите Твои
и нив ќе ги барам секогаш.
34 #
Ер 9,24
Вразуми ме, и ќе го испитувам законот Твој
и со сето свое срце ќе го чувам.
35Води ме по патеката на заповедите Твои,
зашто токму неа ја посакав.
36 #
3 Цар 8,58; Ис 33,15 Приклони го срцето мое кон сведоштвата Твои,
а не кон лакомост.
37Одврати ги очите мои за да не гледаат суета,
на патот Твој оживеј ме.
38Твојот збор постави го во слугата Твој,
за да се бои од Тебе.
39 #
Тов 3,15
Мојот прекор, од кој стравувам, отстрани го,
зашто Твоите судови се добри.
40Ете, ги засакав заповедите Твои,
со правдата Твоја оживеј ме.
41Па да дојде на мене милоста Твоја, Господи,
спасението Твое, според зборот Твој.
42 #
Изреки 27,11; Мт 10,19 И со збор ќе им одговорам на оние што ме навредуваат,
зашто се надевав на зборовите Твои.
43И не одземај ги сосема зборовите на вистината од устата моја,
зашто на судовите Твои се надевав.
44 #
5 Мојс 5,29
И ќе го запазам законот Твој засекогаш,
довека и во вечни векови.
45 #
110,2; 1 Езд 7,10 И се движев во место ширно,
зашто заповедите Твои ги испитав.
46И зборував за сведоштвата Твои
пред цареви и не се срамев.
47И се поучував во заповедите Твои,
кои најмногу ги засакав.
48 #
27,2; 62,4 И ги подигнав рацете свои кон заповедите Твои, кои ги засакав,
и се задлабочував во одредбите Твои.
49 #
104,42
Спомни си за зборовите Свои кон слугата Твој,
со кои ми даде надеж.
50 #
1 Мак 12,9; Рим 15,4 Тоа ме утеши во понижувањето мое,
зашто зборот Твој ме оживеа.
51Гордите прекумерно беззаконствуваа,
но јас од законот Твој не отстапив.
52Си спомнав за судовите Твои од века, Господи,
и се утешив.
53Жалост ме обзеде од грешниците
кои го оставаат законот Твој.
54 #
1 Птр 2,11
Певливи како псалм ми беа одредбите Твои
во местото на моето странствување.
55 #
62,6; 133,1 Си спомнав во ноќта за името Твое, Господи,
и го запазив законот Твој.
56 #
Проп 12,13
Тоа ми се случи,
зашто одредбите Твои ги испитав.
57 #
15,5; Плач 3,24 Удел мој си Ти, Господи,
законот Твој да се пази, реков.
58Му се помолив на лицето Твое со сето срце свое,
според зборот Твој помилуј ме.
59Размислував за патиштата Твои
и ги вратив нозете мои кон сведоштвата Твои.
60Се подготвив и не се вознемирив,
за да ги пазам заповедите Твои.
61Јажињата на грешниците ме заплеткаа,
но законот Твој не го заборавив.
62 #
41,8
На полноќ станував за да Те прославувам
заради судовите на Твојата праведност.
63Содружник сум им на сите кои се бојат од Тебе
и ги чуваат заповедите Твои.
64 #
32,5
Со милоста Твоја, Господи, полна е земјата;
на одредбите Твои научи ме.
65Добрина си сторил со слугата Твој, Господи,
според зборот Твој.
66На добрина, воспитание и знаење научи ме,
зашто на заповедите Твои им поверував.
67 #
Изреки 15,33
Пред да бидам понижен, јас згрешив,
затоа зборот Твој го сочував.
68 #
24,8
Добар си, Господи,
и во добрината Своја научи ме на одредбите Твои.
69Се умножи над мене неправдата на горделивите,
но јас со сето свое срце ќе ги испитувам заповедите Твои.
70 #
16,10; 72,7; Ис 6,10 Се засири како млеко срцето нивно,
но јас се поучував од законот Твој.
71Добро ми е што ме понижи,
за да ги научам Твоите одредби.
72 #
18,10
Подобар е за мене законот на устата Твоја,
од илјадници парчиња злато и сребро.
73 #
5 Мојс 32,6; Јов 10,8 Рацете Твои ме створија и ме вообличија;
вразуми ме и ќе ги научам заповедите Твои.
74 #
106,42; 129,5 Оние што се бојат од Тебе, ќе ме видат и ќе се зарадуваат,
зашто на зборовите Твои се надевав.
75Познав, Господи, дека судовите Твои се праведни
и со вистина Ти ме понизи.
76Нека дојде милоста Твоја за да ме утеши,
според зборот Твој кон слугата Твој.
77Нека ми дојде милосрдието Твое и ќе живеам,
зашто законот Твој ми е поука.
78Нека се посрамат горделивите,
зашто неправедно беззаконствуваа против мене;
а јас ќе се задлабочам во заповедите Твои.
79Нека се вратат кај мене оние што се бојат од Тебе
и кои ги знаат сведоштвата Твои.
80Нека биде срцето мое непорочно во одредбите Твои,
за да не се посрамам.
81Копнее душата моја за спасението Твое
и во зборовите Твои се надевав.
82 #
100,2
Чезнеат очите мои за зборот Твој, велејќи:
„Кога ќе ме утешиш?“
83 #
34,14; Јов 30,30 Зашто станав како мешина на мраз,
но одредбите Твои не ги заборавив.
84 #
7,1
Колку се деновите на слугата Твој?
Кога ќе извршиш суд над оние што ме гонат?
85 #
56,6
Ми раскажуваа беззакониците празнословија,
но ништо не е како законот Твој, Господи.
86 #
32,4; 110,7-8 Сите заповеди Твои се вистина;
неправедно ме гонат, помогни ми.
87За малку не ме докрајчија на земјата;
но јас не ги напуштив заповедите Твои.
88Според милоста Твоја оживеј ме
и ќе ги пазам сведоштвата на устата Твоја.
89 #
18,9; Ис 40,8; Изреки 8,22-23; Мт 24,35 Господи,
Твојот збор останува на небото довека.
90 #
103,5
Од поколение во поколение е вистината Твоја;
ја основа земјата и таа опстојува.
91Според наредбата Твоја опстојува денот,
зашто Тебе Ти слугува сѐ.
92Ако Твојот закон не ми беше поука,
тогаш ќе пропаднев во понижувањето мое.
93Довека нема да ги заборавам одредбите Твои,
зашто со нив ме оживеа.
94 #
99,3
Јас сум Твој, спаси ме,
зашто законите Твои ги испитав.
95Грешниците ме чекаа за да ме погубат;
сведоштвата Твои ги разбрав.
96 #
Сир 24,29
На секоја завршница ѝ го видов крајот,
заповедта Твоја е прекумерно широка.
97 #
39,8
Колку го засакав законот Твој, Господи;
по цел ден тој ми е поука.
98 #
5 Мојс 4,6
Ме направи помудар од непријателите мои со заповедта Твоја,
зашто довека е моја.
99Разбрав повеќе од сите што ме учат,
зашто сведоштвата Твои ми се поука.
100 #
Јов 32,6-7; Мудр 4,8-9; 8,9 Разбрав повеќе од старците,
зашто заповедите Твои ги испитав.
101Своите нозе ги запрев од секој зол пат,
за да ги запазам зборовите Твои.
102Од судовите Твои не се одвратив,
зашто Ти ми постави закон.
103 #
18,10; Ер 15,16; Сир 24,20 Колку му се слатки на грлото мое зборовите Твои,
повеќе од мед и саќе во устата моја.
104Од заповедите Твои разбрав,
затоа го замразив секој пат на неправда,
зашто Ти ми постави закон.
105 #
17,28; Изреки 6,23 Светилник за нозете мои е зборот Твој
и светлина на патеките мои.
106Се заколнав и одлучив да ги пазам
судовите на правдата Твоја.
107 #
69,5
Прекумерно се понизив; Господи,
оживеј ме според зборот Твој.
108 #
49,14.23; Евр 13,15 Доброволните приноси на устата моја благослови ги, Господи,
и на судовите Твои научи ме.
109Душата моја засекогаш е во рацете Твои
и законот Твој не го заборавив.
110Грешниците ми поставија замка,
но од заповедите Твои не залутав.
111 #
Ер 15,16
Ги наследив сведоштвата Твои довека,
зашто се радост за срцето мое.
112Го приклонив срцето мое
за да ги извршува одредбите Твои,
довека за награда.
113 #
Сир 2,12
Беззакониците ги замразив,
а законот Твој го засакав.
114 #
3,3
Помошник мој и заштитник мој си Ти;
на зборовите Твои се надевав.
115 #
6,8
Тргнете се од мене вие, злотвори,
и ќе ги испитам заповедите на мојот Бог.
116Заштити ме според зборот Твој и оживеј ме
и не посрамувај ме во моето очекување.
117Помогни ми и ќе се спасам
и секогаш ќе се поучувам на одредбите Твои.
118Ги уништи сите што отстапуваат од одредбите Твои,
зашто неправедна е размислата нивна.
119 #
2 Мојс 22,19-23
За престапници ги сметав сите грешници на земјата,
затоа ги засакав сведоштвата Твои.
120 #
87,16; Јов 4,14-15 Заковај го телото мое врз стравот од Тебе,
зашто од судовите Твои се уплашив.
121Направив суд и правда,
не предавај ме на оние што ме онеправдуваат.
122Прими го слугата Твој во добрина;
нека не ме клеветат горделивите.
123Очите мои копнеат по спасението Твое
и по зборот на правдата Твоја.
124Постапи со слугата Твој според милоста Своја
и на одредбите Твои научи ме.
125 #
115,7; 142,12 Јас сум слуга Твој, вразуми ме
и ќе ги познаам сведоштвата Твои.
126 #
68,13; 101,13 Време е да Му се твори на Господа;
го разорија законот Твој.
127Затоа ги засакав заповедите Твои
повеќе од злато и топаз.
128Затоа според сите заповеди Твои се управував,
секој неправеден пат го замразив.
129Чудесни се сведоштвата Твои,
затоа ги испита душата моја.
130 #
18,8; 72,17 Објавувањето на зборовите Твои
ќе ги просветли и ќе ги вразуми децата.
131Устата своја ја отворив и зедов здив,
зашто заповедите Твои ги засакав.
132 #
5,11; 24,16; 90,14 Погледни на мене и помилуј ме,
според судот на оние што го љубат името Твое.
133Чекорите мои упати ги според зборот Твој
и да не завладее со мене никакво беззаконие.
134 #
Ис 54,14; Лк 1,74 Избави ме од клевети човечки,
и ќе ги пазам заповедите Твои.
135 #
4,6; 30,16 Лицето Твое нека засветли врз слугата Твој
и научи ме на одредбите Твои.
136 #
Ер 13,17; Ез 9,4; 1 Езд 9,3-4 Очите мои излеаја извори водни,
бидејќи не го запазија законот Твој.
137 #
5 Мојс 32,4; Соф 3,5; Плач 1,5.7 Праведен си, Господи,
и чесни се судовите Твои.
138Твоите сведоштва Ти ги заповеда
со целосна праведност и вистина.
139 #
68,9
Ме изеде ревноста за домот Твој,
зашто непријателите Твои ги заборавија зборовите Твои.
140 #
Изреки 30,5
Твојот збор е потполно прочистен низ оган
и слугата Твој го засака.
141Јас сум млад и ништожен,
но одредбите Твои не ги заборавив.
142Правдата Твоја е правда довека
и законот Твој е вистина.
143 #
1 Мак 2,53
Тага и неволја ме снајдоа;
заповедите Твои ми се поука.
144Сведоштвата Твои се правда довека;
вразуми ме и ќе живеам.
145Повикав од сето срце мое; услиши ме, Господи;
одредбите Твои ќе ги барам.
146Повикав кон Тебе; спаси ме
и ќе ги пазам сведоштвата Твои.
147 #
56,8
Стасав во ниедно време и повикав;
на зборовите Твои се надевав.
148 #
62,6; 76,4 Очите мои го испреварија утрото,
за да ги изучувам зборовите Твои.
149Чуј го гласот мој, Господи,
според милоста Твоја, според судот Твој оживеј ме.
150Се приближија оние што со беззаконие ме гонат;
се оддалечија од законот Твој.
151 #
5 Мојс 4,7
Блиску си, Господи,
и сите патишта Твои се вистина.
152 #
Мт 5,18
Од почетокот познав, од Твоите сведоштва,
дека Ти ги утврди довека.
153Види го понижувањето мое и избави ме,
зашто законот Твој не го заборавив.
154 #
42,1
Суди го судот мој и искупи ме;
заради зборот Твој оживеј ме.
155Далеку е спасението од грешниците,
зашто одредбите Твои не ги побараа.
156 #
68,16
Милосрдието Твое е големо, Господи;
според судот Твој оживеј ме.
157Многубројни се оние што ме гонат и угнетуваат,
од сведоштвата Твои не отстапив.
158 #
94,10
Ги видов неразумните и се јадосував,
зашто зборовите Твои не ги запазија.
159Ете, види дека ги засакав заповедите Твои;
Господи, со милоста Твоја оживеј ме.
160 #
Јн 17,17
Почетокот на Твоите зборови е вистина
и сите судови на правдата Твоја се довека.
161Кнезовите ме прогонија без причина
и од зборовите Твои се исплаши срцето мое.
162 #
Ис 9,3; Мт 13,44 Јас ќе се зарадувам на зборовите Твои,
како оној што наоѓа обилен плен.
163Неправдата ја замразив и се згнасив од неа,
а законот Твој го засакав.
164Седумпати на ден Те фалев
за судовите на правдата Твоја.
165 #
36,11; 71,7; 1 Јн 2,10 Голем мир имаат оние што го љубат законот Твој
и за нив нема соблазна.
166Го чекав спасението Твое, Господи,
и заповедите Твои ги засакав.
167Душата моја ги запази заповедите Твои
и прекумерно ги засака.
168 #
Изреки 5,21
Ги запазив заповедите Твои и сведоштвата Твои,
зашто сите патишта мои се пред Тебе, Господи.
169Нека се приближи молењето мое пред Тебе, Господи;
според зборот Твој вразуми ме.
170 #
78,11; 87,2 Да излезе барањето мое пред Тебе, Господи;
според зборот Твој избави ме.
171Усните мои ќе излеат песна,
кога ќе ме научиш на одредбите Твои.
172 #
Рим 7,12
Јазикот мој ќе ги разгласи Твоите зборови,
зашто сите заповеди Твои се правда.
173Нека ми биде раката Твоја за спасение,
зашто заповедите Твои ги избрав.
174Копнеев по спасението Твое, Господи,
и законот Твој ми е поука.
175 #
21,26; 68,32; Ис 38,19; 54,2 Ќе живее душата моја и ќе Те фали
и судовите Твои ќе ми помогнат.
176 #
Ис 53,6; Ер 50,6; Ез 34,1.6; Лк 15,4-7; 1 Птр 2,25 Залутав како овца изгубена;
побарај го слугата Твој,
зашто заповедите Твои не ги заборавив.
Селектирано:
Псалми 118: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024

:
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024