Псалми 101
101
ПСАЛМ 101
Молитва на страдалник
1 #
141,2
Молитва на сиромавиот кога снеможува и пред Господа го излева молењето свое.
2 #
38,12; 87,2; 2 Цар 22,7 Господи, услиши ја молитвата моја
и повикот мој нека дојде до Тебе.
3 #
12,1; 26,9; 68,17; 142,7; 16,6; 30,2; 70,2; 142,7 Не одвраќај го лицето Свое од мене;
во денот во кој сум нажален, приклони го кон мене увото Свое;
во денот во кој Те повикувам, брзо услиши ме.
4 #
Јов 30,30
Зашто како чад исчезнаа деновите мои
и коските мои како сува гранка се исушија.
5 #
89,6; Ис 40,7 Покосен бев како трева и се исуши срцето мое,
зашто заборавив да го јадам лебот свој.
6 #
6,6; 21,17; 108,24; Јов 19,20; Плач 4,8 Од гласот на воздишката моја
се прилепи коската моја за месото мое.
7Заприлегав на пеликан пустински,
станав како був во урнатина;
8бдеев и станав како птица
осамена на покривот.
9По цел ден ме прекоруваа непријателите мои
и оние што ме фалеа, се колнеа против мене.
10 #
41,3; 79,5 Зашто правта ја јадев како леб,
и со солзи го мешав пијалакот свој,
11заради лицето на гневот Твој и јароста Твоја,
бидејќи Ти, подигајќи ме, ме понизи.
12 #
36,2; 89,5-6; 102,15; 108,23; 128,6; 143,4; Ис 40,5-7; 50,11; Јов 8,9; 13,2; Проп 6,12; 8,12; 1 Лет 29,15; Мт 6,30; Лк 12,28; Јк 1,10-11 Деновите ми минаа како сенка
и јас како трева се исушив.
13 #
9,7; 134,13; 144,13; 145,10; Плач 5,19 А Ти, Господи, довека остануваш
и споменот Твој е од поколение на поколение.
14Кога ќе станеш, Ти ќе го помилуваш Сион,
зашто време е да му се смилуваш,
зашто дојде времето.
15Зашто на слугите Твои им омилеа камењата негови
и за правта негова ќе жалат.
16И ќе се уплашат народите од името Твое, Господи,
и сите цареви земни од славата Твоја.
17 #
86,5; Ис 14,32 Зашто Господ ќе го соѕида Сион
и ќе се покаже во славата Своја.
18Погледна на молитвата на смирените
и не го презре молењето нивно.
19 #
21,30-31
Нека се запише ова за идното поколение
и народот кој се создава ќе Го фали Господа.
20 #
13,2; 32,12-15; 112,5-6; 5 Мојс 26,15; Ис 63,15 Зашто наѕре од Својата света висина,
Господ од небото на земјата погледна,
21 #
78,11
за да ја чуе воздишката на окованите,
да ги ослободи синовите на усмртените.
22За да го објават во Сион името Господово,
и пофалбата Негова во Ерусалим,
23 #
Ис 60,3-4
кога заедно ќе се соберат народите
и царевите за да Му служат на Господа.
24 #
25,9; 54,23; 89,10; Ис 38,10; Ер 17,11; Изреки 10,27 Му рече на патот од моќта негова:
„Малубројноста на деновите мои објави ми ја;
25не земај ме на половината од деновите мои,
во поколението на поколенијата се годините Твои.
26 #
68,35-36; Ис 51,6-8; 65,16; 66,22; Плач 5,19; Евр 1,11-12; 13,8; Ез 37,25 Во почетокот, Ти, Господи, ја основа земјата
и небесата се дела на Твоите раце.
27Тие ќе исчезнат, а Ти остануваш;
и сите како облека ќе оветват,
и како наметка ќе ги свиткаш и ќе се изменат.
28А Ти си ист
и годините Твои нема да минат.
29Синовите на слугите Твои ќе се населат
и потомството нивно ќе стои исправено довека“.
Селектирано:
Псалми 101: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024

:
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024