Галатјаните 2
2
Сложност во Ерусалим. Единство на Црквата и христијанска слобода
1 #
Дела 4,36; 15,2; 2 Кор 2,13 Четиринаесет години подоцна, повторно се искачив во Ерусалим со Варнава, а го зедов со себе и Тит. 2#4,11; Фил 2,16А таму отидов според едно откровение и, за да не биде дека трчав или дека трчам напразно, им го изложив – посебно на највидните – благовестието што го проповедам кај незнабошците. 3Па дури ни Елинот Тит, кој беше со мене, не беше принуден да се обрезе, 4#1,7; Дела 15,1.24и покрај скришно вовлечените лажни браќа, кои се прикрадоа меѓу нас за одблизу да ја демнат нашата слобода, која ја имаме во Христос Исус, та да нѐ поробат. 5#2,14; Дела 15,23-29; Ефес 1,13Ним ни за час не им дозволивме да нѐ покорат, за да остане во вас вистината на благовестието. 6#5 Мојс 10,17; Дела 10,34; Рим 2,11; Јк 2,1; 1 Птр 1,17А за оние за кои се мисли дека значат нешто – какви и да биле тие некогаш, мене ми е сеедно; Бог не го прима човекот според изгледот – бидејќи мене тие таквите ништо не ми придадоа. 7#1,16; Дела 9,15; 22,21; Рим 1,5-6; 15,15-19Туку, напротив, гледајќи дека ми е доверено благовестието за необрезаните, како на Петар – за обрезаните, 8бидејќи Оној што му содејствуваше на Петар во вршењето на апостолската служба меѓу обрезаните, ми содејствуваше и мене за апостолска служба меѓу незнабошците, 9#1,19; Дела 12,17; 1 Кор 3,10Јаков, Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови, ја препознаа благодатта што ми е дадена и ни ги подадоа мене и на Варнава рацете во знак на заедништво, та се согласија ние да одиме кај незнабошците, а тие – кај обрезаните. 10#Дела 11,29-30; 1 Кор 16,1; 2 Кор 8–9Побараа само да ги помниме сиромасите, за што и се погрижив точно да го исполнам.
Недоразбирање во Антиохија. Вистината на благовестието и благодатта на верата
11 #
Дела 11,19-26
А кога Петар дојде#2,11 Кифа е името кое Господ Исус му го дал на Симон, Јовановиот син, а значи карпа или камен. На грчки е Петар. во Антиохија, јас отворено му се спротивставив, зашто беше заслужил осудување. 12#Дела 10,28; 11,3Имено, пред да пристигнат некои откај Јаков, тој јадеше заедно со незнабошците; а кога дојдоа, почна да се повлекува и да се двои, бидејќи се плашеше од обрезаните. 13Заедно со него лицемереа и останатите Јудејци, што дури и Варнава беше заведен од нивното лицемерие. 14#2,5А кога видов дека тие не постапуваат правилно според вистината на благовестието, му реков на Петар пред сите: „Кога ти, кој си Јудеец, живееш како незнабошците, а не како Јудејците, зошто тогаш незнабошците ги принудуваш да живеат како Јудејците?“ 15Ние по раѓање сме Јудејци, а не грешници од незнабошците. 16#Пс 142,2; Дела 15,10-11; Рим 3,20.28; 4,5; 9,30; 11,6; Ефес 2,8Но знаеме дека човекот не се оправдува преку делата на Законот, туку само преку верата во Исус Христос. Затоа и ние поверувавме во Христос Исус, за да се оправдаме преку верата во Христос, а не преку делата на Законот; зашто преку делата на Законот нема никој да се оправда. 17#Мт 11,19Но ако, барајќи да се оправдаме во Христос, и самите се најдовме грешници, значи ли тоа дека Христос е слуга на гревот? Тоа никако! 18Зашто, ако одново го градам она што сум го урнал, тогаш се покажувам себеси како престапник. 19#Рим 6,4-11; 14,8Бидејќи јас преку Законот умрев за Законот, за да живеам за Бога. 20#1,4; Јн 13,1; 17,23; Рим 8,10; Фил 1,21; 1 Тим 2,6; 1 Јн 3,16Се распнав со Христос и веќе не живеам јас, туку Христос живее во мене. А животот што сега го живеам во тело, го живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и се предаде Себеси за мене. 21Не ја отфрлам Божјата благодат; зашто ако праведноста доаѓа преку Законот, тогаш Христос залудно умре.
Селектирано:
Галатјаните 2: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

: