2 Коринтјаните 11
11
Павле и лажните апостоли
1Ех, да можевте да го потрпите малку моето безумие! Да, потрпете ме! 2#5 Мојс 4,24; Ос 1,2; Ефес 5,27; Откр 21,2-9Зашто за вас ревнувам со Божја ревност; бидејќи ве свршив за еден маж, та како чиста девица да ве претставам на Христос. 3#1 Мојс 3,4-13; 1 Тим 2,14Но се плашам да не би, како што змијата со своето лукавство ја измами Ева, така и вашите мисли да се одвратат од вашата искреност кон Христос. 4#Гал 1,6-9Зашто, ако некој дојде да проповеда друг Исус, кого ние не сме го проповедале; или, ако добиете друг дух, кого не сте го добиле, или друго благовестие, кое не сте го примиле, вие добро би го поднеле. 5#12,11Но јас мислам дека во ништо не сум помал од надапостолите. 6#10,10; Дела 18,3; 1 Кор 2,1-5; 9,12Па дури и да сум невешт во говорот, во знаењето не сум. Впрочем, тоа ви го покажавме во сѐ и со сѐ. 7#Дела 18,3; 1 Кор 9,18Направив ли грев кога, понизувајќи се себеси за да се издигнете вие, на дар ви го проповедав Божјото благовестие? 8#8,1-2; Фил 4,10-15Други цркви оштетив, земајќи од нив издршка, за да ви служам вам, и додека бев кај вас, иако бев во оскудност, никому не му бев на товар, 9#12,13зашто во мојата оскудност ми помогнаа браќата што дојдоа од Македонија. Па и во сѐ друго се пазев и ќе се пазам, да не ви бидам на товар. 10#1 Кор 9,15Христовата вистина е во мене и никој нема да ми ја земе оваа пофалба во ахајските краеви. 11А зошто? Затоа ли што не ве љубам? Бог знае! 12#2,17; Фил 3,2Но, она што го правам, ќе го правам и понатаму за да не им дадам повод на оние што бараат повод, па да се изедначат со нас во она за кое се фалат. 13Зашто таквите се лажни апостоли, лукави работници, кои се преправаат во Христови апостоли. 14#2 Тим 4,14; 2 Птр 2,1И не е за чудење! Па и самиот сатана се преправа во ангел на светлината. 15Па така, и не е големо нешто ако и неговите служители се преправаат како служители на правдата; но крајот ќе им биде според нивните дела.
Маченичка пожртвуваност
16 #
9,4; 12,6 Повторно велам: никој нека не ме смета за безумен. А и ако ме сметате, барем како безумен примете ме, та и јас малку да се пофалам со нешто. 17#Гал 6,13; Фил 3,4А ова што го зборувам со таква одважност во фалењето, не го зборувам според Господ, туку како во безумие. 18#3,1; Рим 7,5Бидејќи мнозина се фалат по телото, ќе се пофалам и јас. 19#1 Кор 1,26Зашто и вие, кои сте мудри, љубезно ги поднесувате безумните; 20зашто вие сте трпеливи кога некој ве поробува, кога некој ве јадосува, кога некој ве искористува, кога некој се воздигнува над вас, ако некој ве удира по лице. 21#Фил 3,4-6Со срам зборувам дека и ние сме биле слаби. Но ако некој се осмели, во безумство говорам, ќе се осмелам и јас. 22#Дела 22,3; Рим 11,1; Гал 1,13-14Евреи ли се? И јас сум! Израилци ли се? И јас сум! Авраамово потомство ли се? И јас сум! 23#10,7Христови служители ли се? Во безумство зборувам: јас сум уште повеќе. Повеќе се трудев, безмерно бев камшикуван, повеќе бев во затвори, често бев во смртна опасност. 24#5 Мојс 25,2-3Од Јудејците примив петпати по четириесет без еден удар; 25#Дела 14,19; 16,22трипати бев тепан со стапови, еднаш каменуван, трипати претрпев бродолом, и ноќ и ден поминав во длабоко море; 26#Дела 13,50; 20,3многупати сум патувал, сум бил во опасност од реки, во опасност од разбојници, во опасност од сонародници, во опасност од незнабошци, во опасност по градови, во опасност по пустини, во опасност по море, во опасност меѓу лажни браќа; 27#6,5; Дела 20,18-19; 1 Кор 4,11-12; Рим 9,2во труд и мака, во често неспиење, во глад и жед, во многу постење, во студ и во голотија. 28А покрај сѐ друго, тука се уште и секојдневните напади против мене, како и грижата за сите цркви. 29#1 Кор 9,22Кој изнемоштува, без да изнемоштам и јас? Кој се соблазнува, без да се разжестам јас? 30#12,5Ако треба да се фалам, со слабоста своја ќе се пофалам. 31Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој е благословен довека, знае дека не лажам. 32#Дела 9,23-25Во Дамаск управителот на цар Арета го чуваше градот Дамаск со стража, сакајќи да ме фати 33 и преку прозорец по ѕидот ме спуштија во кош и избегав од неговите раце.
Селектирано:
2 Коринтјаните 11: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

: