1 Коринтјаните 5
5
Разврат во црквата
1 #
3 Мојс 18,8
Насекаде се слуша дека кај вас има блуд и тоа таков блуд каков што не се спомнува ниту кај незнабошците, односно дека некој е со жената на својот татко. 2А вие наместо да тагувате, та да го исфрлите од вашата средина оној што го направил тоа дело, уште и сте се возгордеале. 3#Мт 18,18-20; 2 Кор 13,10#Кол 2,5Јас, пак, иако со телото не сум кај вас, туку само со духот, веќе го осудив, како да сум меѓу вас, оној што го направил тоа. 4Кога во името на нашиот Господ Исус Христос ќе се соберете вие и мојот дух, со силата на нашиот Господ Исус Христос, 5#1 Тим 1,20предајте го на сатаната, за погубување на неговото тело, та неговиот дух да се спаси во денот на Господ Исус. 6Вашето фалење не е добро. Зар не знаете дека малку квас го потквасува целото тесто? 7#2 Мојс 12,19.21; 13,7Затоа, исчистете го стариот квас, та да бидете ново тесто, како што сте бесквасни; зашто Христос, нашата Пасха, беше жртвувана за нас. 8Па да празнуваме не со стар квас, ниту со квас од злоба и лукавство, туку со бесквасни лебови во чистота и вистина. 9#2 Сол 3,14Во писмото ви пишав да не се мешате со блудници, 10#Рим 1,29-31но не општо со блудниците од овој свет, или со ненаситници, или со грабливци, или со идолопоклоници, зашто, инаку, би требало да излезете од светот. 11#6,9-10Но сега ви напишав да не се мешате со оној кој се нарекува брат, а е блудник, или ненаситник, или идолопоклоник, или клеветник, или пијаница, или грабливец; со таков дури и да не јадете. 12#Кол 4,5; 1 Сол 4,12Зошто јас да ги судам надворешните? Зар не ги судите вие внатрешните? 13#5 Мојс 17,7Надворешните, пак, ќе ги суди Бог. А вие исфрлете го лошиот меѓу вас.
Селектирано:
1 Коринтјаните 5: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

: