Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 12

12
За даровите од Светиот Дух
1 # Рим 1,13 Во поглед на духовните дарови, браќа, не сакам да бидете во незнаење. 2#Пс 113,12Знаете дека, кога бевте незнабошци, како занесени бевте водени кај немите идоли. 3#Мк 9,39; Јн 13,13; Дела 2,36; Рим 10,9; Фил 2,11; 1 Јн 4,2-3; 5,1Затоа ви давам на знаење дека никој што зборува преку Божјиот Дух, не вели: „Проклетство на Исус!“ И никој не може да Го нарече Исус Господ, освен преку Светиот Дух. 4#Ефес 4,4-6#1,7; Рим 12,4-8; Евр 2,4Даровите се различни, но Духот е ист; 5#12,28и служењата се различни, но Господ е ист; 6#Гал 2,8и делувањата се различни, но Бог, Кој извршува сѐ во сите, е ист. 7Пројавата, пак, на Духот се дава секому, за полза на сите. 8Бидејќи, преку Духот, на еден му се дава да зборува со мудрост, на друг, преку истиот Дух – да зборува со знаење, 9#12,28.30; Мк 11,22-23; Лк 9,1некому, пак, во истиот Дух – вера, а на друг – дарови за лекување, во истиот Дух; 10#14,1; Дела 2,4на еден – творење на чудеса, на друг – пророкување, на еден – разликување на ду­хови, на друг – разни јазици, на некој, пак – толкување на јазиците. 11#Рим 12,3Сето ова го прави еден и ист Дух, Кој распределува секому поодделно, ка­ко што сака.
Едно тело со повеќе делови
12 # Рим 12,4-5 И како што телото е едно, а има многу делови, и сите делови од тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се, – така е и Христос. 13#Мк 1,8; Дела 19,2; Гал 3,28; Ефес 2,18Зашто преку еден Дух сите ние сме крстени во едно тело – било Јудејци или Елини, било робови или слободни, и си­те сме напоени со еден Дух. 14Зашто телото не се состои само од еден дел, туку од многу. 15Ако ногата рече: „Бидејќи не сум ра­ка, не му припаѓам на телото“, зар поради тоа таа не припаѓа на телото? 16И ако увото рече: „Бидејќи не сум око, не му припаѓам на телото“, зар поради тоа увото не припаѓа на телото? 17Кога целото тело би било око, тогаш каде би бил слухот? Кога целото би било слух, тогаш каде би бил мирисот? 18Но Бог ги поставил деловите, во телото, секој од нив, како што по­са­кал. 19Кога сите тие би биле само еден дел, тогаш каде би било телото? 20Сега, пак, навистина се многу делови, но се­пак едно тело. 21И не може окото да ѝ рече на раката: „Не си ми потребна“, или гла­вата на нозете: „Не сте ми потребни.“ 22Напротив, оние делови од телото, кои ни изгледаат послаби, се многу по­потребни; 23и на оние делови на телото, за кои сметаме дека се помалку достојни за чест, им од­да­ваме повеќе почит; и нашите неприлични делови добиваат поголема пристојност. 24Приличните, пак, делови немаат потреба од чест. Но Бог го составил те­лото така што на запоставените органи им дал поголема чест, 25та да нема раздори во телото, туку самите делови подеднакво да се грижат едни за други. 26И ако страда еден дел, тогаш стра­даат сите делови; и ако се слави еден од деловите, тогаш со него се радуваат сите делови. 27#10,17; Рим 12,5; Ефес 1,23; 4,4.25Вие сте телото Христово, а поодделно – членови. 28#12,9-10; Мк 16,17-18; Дела 13,1; 2 Кор 12,12; Ефес 4,11; 2 Тим 1,11И од нив Бог во Црквата постави: прво апостоли, второ пророци, трето учители; потоа со дарови за творење на чудеса, па со дарови за исцеление; за по­магање, за управување и за зборување на разни јазици. 29Та сите ли се апостоли? Сите ли се пророци? Сите ли се учители? Сите ли се чудотворци? 30Сите ли имаат дарови да лекуваат? Сите ли зборуваат на разни јазици? Си­те ли толкуваат? 31Но ревнувајте за поголеми дарови. А сега ќе ви покажам уште по­воз­ви­шен пат:

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се