Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 7

7
1Потоа видов четири ангели кои стоеја на четирите страни на Земјата. Тие ги задржуваа ветровите од четирите страни на Земјата да не дуваат ни на земјата, ни на морето ниту пак на дрвјата.
2Потоа забележав еден друг ангел како доаѓа од исток. Тој го носеше печатот на Живиот Бог. Со многу силен глас тој им се обрати на четирите ангели на кои Бог им беше дал власт да ги пустошат земјата и морињата:
3„Не пустошете ни по земјата, ни по морињата, ниту пак по дрвјата, додека не ги обележам со печат в чело Божјите слуги!“
4Тогаш го слушнав и бројот на обележаните со Божјиот печат: тие беа вкупно сто и четириесет и четири илјади души, од сите племиња на Израел, и тоа:
512.000од племето на Јуда, 12.000од племето на Реувен, 12.000од племето на Гад,
612.000од племето на Ашер, 12.000од племето на Нафтали, 12.000од племето на Менаше,
712.000од племето на Шимон, 12.000од племето на Левиј, 12.000од племето на Исахар,
812.000од племето на Зевулун, 12.000од племето на Јосиф и 12.000од племето на Бинјамин.
9Потоа погледнав и наеднаш пред мене се појави множество народ, кое никој не можеше да го изброи. Имаше луѓе од секоја раса, од секое племе, народ и јазик. Тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете,
10и на цел глас пееја: “Спасението е дело на нашиот Бог, Кој седи на престолот, и на Јагнето!“
11Сите ангели, кои стоеја околу престолот, околу старешините и околу четирите суштества паднаа ничкум и Му се поклонија на Бог,
12велејќи: “Амин! На нашиот Бог Му припаѓа благослов, слава, мудрост, благодарност, чест, власт и моќ! Амин!“
13Еден од старешините ме праша: „Знаеш ли кои се и од каде доаѓаат овие што се облечени во бели облеки?“
14Јас му одговорив: „Господине, Ти го знаеш тоа!“ Тогаш тој ми рече: „Тоа се оние што минаа низ големи страдања. Тие ги избелија своите облеки перејќи ги во крвта на Јагнето.
15Затоа сега стојат пред Божјиот престол и деноноќно Му служат во Неговиот храм. А Тој што седи на престолот ќе ги заштитува со Своето присуство.
16Тој никогаш нема да дозволи тие да гладуваат или да ожеднат, ниту пак да ги пече Сонцето или некоја друга горештина.
17Јагнето, Кое е на средината на престолот, ќе им биде Пастир и ќе ги пои со животодавна вода. И Бог ќе ја избрише секоја солза од нивните очи.“

Селектирано:

Откровение 7: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност