Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 4

4
Исусово искушување
1Тогаш Духот Го одведе Исуса во пустината, за да биде искушуван од ѓаволот. 2И откако постеше четириесет дни и четири-есет ноќи, најпосле огладне. 3Тогаш искушувачот Му пристапи и рече: „Ако си Божји Син, кажи овие камења да станат лебови!“ 4А Тој одговори и рече: „Напишано е: ‘Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор, што излегува од устата на Бога’.“ 5Тогаш ѓаволот го одведе во Светиот Град, Го постави на крилото на Храмот, 6и Му рече: „Ако си Божји Син, фрли се долу; зашто е напишано: ‘Ќе им заповеда на Своите ангели за Тебе, и ќе Те носат на раце, за да не Си ја удриш ногата на камен.’ 7Исус му рече: „Напишано е повторно: ‘Не искушувај Го Господа, твојот Бог’!“
8Ѓаволот пак Го одведе на многу висока гора и Му ги покажа сите царства на светов и нивната слава, 9и Му рече: „Ќе Ти го дадам сѐ ова ако паднеш и ми се поклониш.“ 10Тогаш Исус му рече: „Оди си, сатано, зашто е напишано: ‘На Господа, твојот Бог, ќе Му се по-клонуваш и ќе Му служиш само Нему!’“ 11Тогаш ѓаволот Го остави и, ете, ангели дојдоа и Му служеа.
Почеток на работа во Галилеја
12А кога чу дека Јован е предаден, се повлече во Галилеја. 13И откако го напушти Назарет, дојде и се насели во Капернаум, крај морето, во пределите Завулонови и Нефталимови, 14за да се исполни она што го рече пророкот Исаија: 15“Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, од другата страна на Јордан, Галилеја на народите; 16народот, кој седеше во темнина, виде голема Светлина, и на оние, кои седеа во пределот и сенката на смртта, на нив им изгреа Светлина.“
17Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто царството небесно се приближи!“
18А кога одеше покрај Галилеј-ското Море, ги виде двајцата браќа: Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, дека фрлаа мрежа во морето, зашто беа ри-бари, 19па им рече: „Дојдете по Мене и Јас ќе ве направам рибари на луѓе!“ 20А тие веднаш ги оставија мрежите и Го следеа. 21И кога отиде оттаму, виде натаму други двајца браќа: Јакова Заведеев и брата му Јована, во кораб со татка им Заведеј, како ги крпат своите мрежи, и ги повика. 22И тие веднаш ги оставија коработ и татка си и Го следеа.
23И Исус обиколуваше по цела Галилеја, учејќи во нивните синагоги и проповедајќи го Еванге-лието за царството, и лекувајќи секаква болест и секаква немоќ меѓу народот. 24И се разнесе глас за Него по цела Сирија; и ги доведуваа при Него сите болни, кои страдаа од разни болести и маки, опфатени од демони, месечари и фатени, и ги излечи. 25И Го сле-деше големо мноштво од Галилеја и Десеттоградието, од Ерусалим и Јудеја, и отаде Јордан.

Селектирано:

МАТЕЈ 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност