Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАЛАХИЈА 3

3
БОЖЈИ СУД ЗА ГРЕШНИЦИ
И БЛАГОСЛОВИ ЗА ОНИЕ КОИ СЕ КАЈАТ
3:1-4:6
А. Господен Ден и доаѓање на Месија
1„Еве го испраќам Мојот гласник за да приготви пат пред Мене, и ќе дојде одненадеж во Својот Храм Господ, Кого вие Го барате и Ангелот на Заветот, по кого копнеете. Еве Го, веќе доаѓа - говори Господ над Воинствата. 2Но кој ќе го издржи денот на Неговото доаѓање и кој ќе устои кога Тој ќе се јави? Зашто Тој е како огнот на леарот и како пепелницата на белачот, 3и ќе заседне како оној, кој топи и пречистува сребро. Ќе ги очисти Левиевите синови и ќе ги претопи како златото и среброто, за да Му принесат на Господа жртва во правда. 4Тогаш приносот Јудин и на Ерусалим ќе Му биде мил на Господа, како во древните денови и како во првите години. 5Ќе дојдам при вас на суд, и ќе бидам подготвен сведок против вражалците и прељубниците, против оние, кои се колнат лажно, против оние, кои задржуваат од платата на работникот, вдовицата и сирачето, против оние, кои го газат правото на странците и не се бојат од Мене - говори Господ над Воинствата.
Б. Гревови на народ
6Зашто Јас, Господ, не се менувам, затоа вие, Јаковови синови, не бевте уништени! 7Од времето на своите татковци отстапувате од Моите заповеди и не ги чувате. Вратете се при Мене и Јас ќе се вратам при вас - говори Господ над Воинствата. Прашуваат: ‘Како да се вратиме?’ 8Смее ли човек да Му задржува на Бога? А вие Ми задржувате Мене, и прашувате: ‘Во што Ти задржуваме?’ Во десетокот и во приносот. 9Удрени сте со проклетство, зашто Ми задржувате вие, сиот народ! 10Донесете ги сите десетоци во ризницата, за да има храна во Мојот Дом. Тогаш испитајте Ме - зборува Господ над Војските - не ќе ли ви ги отворам небесните брани и не ќе ли излеам врз вас благослов со полна мерка; 11нема ли заради вас да му забранам на скакулецот за да не ви ги расипува веќе посевите и за да не ви биде неплодна лозата во полето - говори Господ над Воинствата. 12Тогаш сите народи ќе ве сметаат за среќни, зашто ќе бидете земја на блаженството - говори Господ над Воинствата.
В. Разлика меѓу праведник и неправедник
13Дрски се вашите беседи против Мене - вели Господ. 14Вие сепак прашувате: ‘Што сме зборувале меѓу себе против Тебе?’ Зборувавте:
‘Напразно е да Му се служи на Бога и каква е полза дека ги пазиме Неговите прописи и одиме жалосни пред Господа над Воинствата. 15Отсега ќе ги наречуваме среќни горделивите: напредуваат оние кои прават зло, иако Го искушуваат Господа, се извлекуваат!’„ 16Но кога разговараат оние, кои се плашат од Бога, Господ внимава, ги слуша и тоа се запишува пред Него во Спомен книгата во полза на оние, кои се бојат од Господа и кои Го почитуваат Неговото Име. 17„Мои ќе бидат, моја печалба - говори Господ над Воинствата. Во Денот што го подготвувам ќе им бидам милостив како што таткото му е милостив на синот, кој му служи.“ 18И тогаш пак ќе го разликувате праведникот од грешникот, оној, кој Му служи на Бога од оној, кој не Му служи.

Селектирано:

МАЛАХИЈА 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се