ЛЕВИТ 27
27
Прилог за ветувањата
1Господ му рече на Мојсеја: 2„Соопшти им на Израелевите синови и речи им: ‘Кога некој сака да Му направи на Господа завет што вреди колку еден човек, 3нека ти биде мерка: маж од дваесет до шеесет години возраст, процени го педесет сикли во сребро, според светилишниот сикал; 4а женско процени го триесет сикли. 5А за возраст од пет до дваесет години твоето оценување нека биде: за машко дваесет сикли, а за женско десет сикли. 6Ако е возраста од еден месец до пет години, проценувањето нека ти биде: за машко пет сикли во сребро; а оценката за женско три сикли во сребро. 7Ако е на возраст од шеесет години или повеќе, оценувањето нека ти биде: за машко петнаесет сикли, а за женско десет сикли. 8Но ако некој е беден па не може да ја плати својата цена, нека го доведат пред свештеникот, и свештеникот нека го процени. Но свештеникот нека процени според она што заветодавачот може да даде.’
Завети, за животни
9‘Ако заветуваниот принос биде од животните што можат да Му се принесуваат на Господа, секој таков принос на Господа ќе биде свет. 10Нека не се надоместува ниту заменува со нешто друго - добро за лошо или лошо за добро. Ако се направи замена на едно животно за друго, тогаш и заветуваното и она што го заменило ќе бидат свети. 11Ако заветуваниот принос биде од нечисто животно што не може да Му се принесува на Господа, нека го доведат животното при свештеникот, 12па тој нека го процени. Било скапо, било нескапо, нека биде така како што ќе го процени свештеникот. 13Ако некој сака да го откупи нека додаде петина кон неговата процена.’
Завети, што се однесуваат за дом
14‘Ако некој ја посвети својата куќа заветувајќи Му ја на Господа, свештеникот нека процени дали е добра или е лоша. Како што ќе ја процени свештеникот така нека остане. 15Ако оној, кој ја заветувал куќата сака да ја откупи, нека додаде една петина кон износот на нејзиното оценување, па нека биде негова.’
Завети, што се однесуваат за ниви
16‘Ако некој Му заветува на Господа дел од земјиштето, во своја сопственост, процени го според неговиот посев: за еден гомер јачмено семе педесет сикли во сребро. 17Ако го заветува полето во јубилејната година, нека остане според ова проценување. 18Но ако ја заветува нивата по јубилејната година, свештеникот нека ја пресмета цената во сребро според годините што остануваат до јубилејната година. 19Ако оној што ја заветувал нивата посака да ја откупи, нека додаде петина кон износот на проценувањето, па нека му остане. 20Ако не ја откупи нивата, туку ја продаде на друг, не може веќе да ја откупува. 21Кога полето ќе биде ослободено во јубилејната година, нека Му биде посветено на Господа како заветувано поле и нека стане свештеникова сопственост. 22Ако некој Му заветува на Господа дел од земјиштето што не е дел на неговата сопственост, 23свештеникот нека му пресмета сразмерна процена до јубилејната година. И во истиот ден нека го исплати износот како Господова светина. 24Во јубилејната година земјиштето ќе му биде вратено на оној од кого е купено - кому што му припаѓа земјишната сопственост. 25Секое проценување нека се врши според храмскиот сикал: дваесет гери-пенези еден сикал.’
26‘Но никој нека не заветува првородено од добиток. И така првината Му припаѓа на Господа, без оглед дали е од ситен или е од крупен добиток. 27Ако биде од нечиста стока, може да биде откупена според твојата процена, додавајќи петина кон цената. Ако не биде откупена, нека биде продадена според проценувањето.’
28Но ништо од „заветуваното“, од она што Му е заветувано на Господа, било тоа да е човек или животно или негово наследено земјиште; ништо што човек Му Го посветил со завет на Господа, не може ни да се продаде ниту да се откупи. Сѐ што е заветувано е најголема Господова светина. 29Ниеден човек, над кого е изречено проклетство, не смее да се откупува: треба да биде погубен.’
30‘Секоја десетина од земјата, од полските посеви и од плодовите на дрвата, Му припаѓа на Господа; тоа е Господова светина. 31Ако некој сака да откупи нешто од својот десеток, кон тоа треба да додаде една петина од цената. 32Секој десеток од крупниот и од ситниот добиток, односно секое десетто што поминува под пастирскиот стап, нека Му биде посветено на Господа. 33Нека не се гледа дали е добро или е лошо; и нека не се заменува. Сепак ако се замени, тогаш нека биде свето и едното и другото, и не смее да се откупува.’“ 34Тоа се заповедите што Господ му ги даде на Мојсеја за Израелевите синови на Синајската Гора.
Селектирано:
ЛЕВИТ 27: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: