ИСУС НАВИН 8
8
6. Завојување против Гај
а. Заседа
1Тогаш Господ му рече на Исуса: „Не бој се и не се плаши! Земи ги со себе сите воини, стани и нафрли се врз Гај. Ете, ти ги предавам во рацете гајскиот цар, неговиот народ, градот и неговата земја. 2Направи со Гај и со неговиот цар како што направи со Ерихон и со неговиот цар; ама ви е слободно да го приграбите пленот од него и неговиот добиток. Постави му на градот заседа од зад грб.“ 3Се подготви Исус да нападне на Гај и сите воини со него. Избра триесет илјади јунаци и ги испрати ноќе; 4им даде заповед: „Внимавајте! Ќе отидете во заседа на градот од зад грб, ама да не бидете предалеку од градот, и бидете сите подготвени. 5А јас и сиот народ, кој ме придружува, ќе му се доближиме на градот; и кога луѓето од Гај ќе излезат пред нас, ние ќе избегаме, како и порано, пред нив. 6Тие ќе тргнат по нас додека не ги одведеме од градот, зашто ќе мислат: ‘Бегаат пред нас како и порано.’ И така ние ќе избегаме пред нив. 7Тогаш излезете од заседата и заземете го градот: Господ, нашиот Бог, ќе ви го предаде во рацете. 8Штом ќе го освоите градот, изгорете го со оган. Направете го тоа според Господовата заповед. Внимавајте, тоа ви го заповедав.“ 9Исус ги испрати, и тие отидоа во заседа па се сместија меѓу Ветил и Гај, западно од градот. А Исус ја помина ноќта меѓу народот.
б. Заземање на Гај
10Рано наутро Исус го преброи народот и тргна со Израелевите старешини пред народот против Гај. 11Сите војници тргнаа со него, и кога му се приближија на градот, се влогорија северно од Гај, така што меѓу нив и местото беше рамница. 12Исус зеде околу пет илјади луѓе и постави заседа меѓу Ветил и Гај, од западната страна на градот. 13А народот се смести во логорот, што беше северно од градот, додека неговата заштитница беше западно од градот. Исус пак ја помина ноќта среде долината. 14Кога сѐ тоа го виде гајскиот цар, побрза па излезе тој и сиот негов народ низ надолништето спроти Араба, во бој против Израел. А не претчувствуваа ни дека е наместена заседа зад градот. 15Тогаш Исус и сиот Израел почнаа да бегаат како да ги победија. И бегаа по патот кон пустината. 16На тоа Гајците ги повикаа сите од градот и тргнаа во потера по нив, и гонејќи го Исуса се оддалечија од градот. 17И не остана никој во Гај и Ветил што не тргнал по Израелците. Го оставија градот отворен и ги гонеа Израелците.
18Тогаш Господ му рече на Исуса: „Замавни со копјето, што ти е во раката, кон Гај: ти го предавам во рацете.“ И Исус го подигна копјето што му беше во раката, и замавна кон градот. 19И тукушто ја крена раката, луѓето од заседата се кренаа и се растрчаа кон градот, го освоија и веднаш го запалија со оган. 20Кога оние од Гај се обѕрнаа, имаа што да видат: дим се дигаше од градот кон небото. И никој од нив немаше каде да избега ни таму ни ваму. Тогаш народот што бегаше кон пустината се сврте кон гонителите. 21Откако Исус и сиот Израел видоа дека заседата го зазеде градот и дека се крева чад од градот, се вратија и удрија на луѓето од Гај. 22Нивните им излегоа во пресрет од градот, и така оние од Гај се најдоа среде Израелците, опколени и од едната и од другата страна: беа погубени така што ниеден не остана жив, ниту избега. 23А гајскиот цар го фатија жив и го доведоа при Исуса.
в. Убивање на жители
24Кога Израелците ги погубија сите жители на Гај на отворено поле, и во пустината, кон каде ги гонеа, и кога сите паднаа од меч, Израелците се вратија во Гај и сосекоа со меч сѐ што беше во него. 25Беа дванаесет илјади оние кои изгинаа тој ден, мажи и жени - сиот Гај. 26Исус не ја спушти раката со која замавна со копјето, сѐ додека не беа погубени сите жители на Гај. 27Само добитокот и пленот од оној град Израелците ги поделија меѓу себе, како што Господ му нареди на Исуса. 28Исус го опожари Гај и го направи урнатина засекогаш, пусто место до денес. 29Го обеси гајскиот цар на дрво до вечерта. При зајдисонце Исус нареди да го симнат трупот од дрвото, го фрлија пред градската врата и нафрлија врз него голем куп камења, што стои и денес.
7. Жртвеник на гората
30Тогаш Исус му подигна жртвеник на Господа, на Израелевиот Бог, на гората Евал, 31како што им заповеда Мојсеј, Господовиот слуга, на сите Израелеви синови, и како што е напишано во Мојсеевата книга на Законот: жртвеник од груби камења, неделкани со железо. На него Му беше принесена на Господа жртва паленица и помирителни приноси. 32Таму на камењето Исус го препиша Мојсеевиот Закон, што беше напишан за Израелевите синови. 33И сиот Израел и неговите старешини, народните главатари и судии, придојдениците и домашни, застанаа од двете страни на Ковчегот, спроти свештениците и левитите, кои што го носеа Ковчегот на Господовиот Завет - половината кон гората Гаризин, а половината кон гората Евал - за да биде благословен Израелевиот народ според Законот што го заповеда Мојсеј, Господовиот слуга. 34Тогаш Исус го прочита секој збор на Законот, благословот и проклетството, сѐ како што е напишано во книгата на Законот. 35Исус не испушти ниту една Мојсеева наредба, туку сите ги прочита пред соборот на сите Израелци, пред жените, децата и придојдениците кои одеа со нив.
Селектирано:
ИСУС НАВИН 8: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: