Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 29

29
г. Јов зборува за својот живот
1. Негова поранешна состојба
1Јов ја продолжи својата беседа и рече: 2„О да можам да ги проживеам минатите месеци, оние денови кога Бог бдееше над мене. 3Кога Неговиот светилник светеше над мојата глава, а Неговата светлина ме водеше низ темнината, 4како во годините на мојата зрелост, кога Божјата добрина беше над мојот дом. 5Кога Сѐдржителот уште беше со мене и моите деца ме опкружуваа, 6кога моите нозе ги миев во млеко, а мојот камен излеваше потоци масло! 7Кога излегував над градската врата и ја поставував својата столица на раскрсницата, 8откако ќе ме видеа, младите се криеја; старците откако ќе станеа, стоеја, 9првенците го прекратуваа разговорот и ја ставаа раката на својата уста. 10Гласот на началниците стивнуваше сосем, јазикот им се залепуваше за непцето. 11Секој што ме слушаше, ме наречуваше блажен, ме фалеше окото, што ќе ме видеше. 12Зашто, го избавував бедниот кога викаше и сиракот оставен без помош. 13Благословот на изгубените беше врз мене, јас му ја враќав веселбата на срцето на вдовицата. 14Се облекував во правдата како со облека, беспристрасноста ми беше наметка и венец. 15Бев очи на слепиот и бев нозе на хромиот. 16Татко на бедните, застапник на странците. 17Го разгледував внимателно делото на непознатиот, му ги кршев челустите на беззаконикот, го истргував пленот од неговите заби. 18Велев: „Ќе издивнам во своето гнездо, како палма, проживувајќи безбројни денови.“ 19Моите корења се простираат до водата, росата почива на моите гранки. 20Мојата слава ќе се подмладува секогаш, и лакот ќе се обновува во мојата рака. 21Слушаа желно што ќе им кажам, и молчеа за да чујат совет од мене. 22Ништо не додаваа на моите зборови, и моите беседи капеа како дожд врз нив. 23Тие копнееја по мене како по дожд, отвораа уста како за летен пороен дожд. 24Мојата насмевка им беше охрабрување; внимаваа на ведроста на моето лице. 25Јас им ги избирав патиштата, јас ги предводував како поглавар, како цар кога е среде своите чети, како оној кој ги теши јадосаните.

Селектирано:

ЈОВ 29: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се