ИСАИЈА 33
33
Д. Пораз на Асирија и идната слава на Ерусалим
1. Народи - грабачи ќе бидат ограбени
1Тешко ти тебе кој незапустен, запустуваш, кој неограбен, ограбуваш, кога ќе прекратиш, тебе ќе те запустат кога ќе прекратиш да пљачкаш ќе те ограбат. 2Господи, смилувај ни се, во Тебе се надеваме! Биди наша помош секое утро, наше спасение во секоја неволја. 3Народите избегаа од силниот татнеж, Ти се дигна, племињата се распрснаа, 4и се собира плен како што се собираат гасениците, ќе се нафрлат врз него како јато скакулци. 5Господ е возвишен зашто престолува во висината, Тој го исполнува Сион со правосудство и со правда. 6Надежен е твојот век: Мудроста и знаењето се спасоносно благо, а Господовиот страв негово богатство.
2. Опис на Јаковови беди
7Ете, жителите на Ариел, викаат по улиците, гласници мироносци плачат горчливо. 8Патеките запустеа, ги снема патниците од патиштата; сојузите се раскинуваат, ги презираат сведоците, нема обѕир кон никого. 9Земјата гине во жалост, Ливан венее во срам. Сарон е како пустина, Васон и Кармел оголеа.
3. Претскажување за Божја казна
10„Сега ќе станам - вели Господ - сега ќе се кренам, сега ќе се возвишам. 11Зачнавте сено, ќе родите слама здивот ваш е како оган, ќе ве голтне. 12Народите ќе бидат изгорени во вар, како отсечени трња, што горат во оган. 13Чујте, вие кои сте далеку, што направив, а вие кои сте близу познајте Ми ја силата!“
14Грешниците треперат на Сион, трепет ги обзеде безбожниците: „Кој ќе опстане од нас пред уништувачкиот оган, кој ќе опстане од нас пред вечниот пламен?“ 15Оној кој оди во правда и кој зборува право, кој ја презира печалбата од насилство, кој ги тресе рацете за да не прими поткуп, кој ги затнува ушите за да не чуе за крвопролевањата, кој ги затвора очите за да не види зло - 16тој ќе живее во висините, тврдини врз карпи ќе му бидат прибежишта, ќе има доста леб и водите не ќе му недостасуваат.
4. Ветување на безопасност и радост во денови на Месија
17Твоите очи ќе го гледаат царот во неговата убавина, ќе ја разгледуваат непрегледната земја. 18Твоето срце ќе мисли во страв: „Каде е оној што броеше, каде е оној што мереше, каде е оној што ги пребројуваше стражарниците?“ 19Не ќе видиш веќе свиреп народ, народ со неразбирлив и со несфатлив говор, туѓ јазик што никој не го разбира. 20Погледај на Сион, на градот на нашите празници: твоите очи ќе го видат Ерусалим, заштитено престојувалиште, шатор што не се пренесува, чии колчиња никогаш не се вадат, и ниту едно јаже не му се кине. 21Таму ни е силниот Господ; место на широки реки и потоци; не ќе помине оттаму ниеден брод ни весла, ниту некој воен брод ќе проедри. 22Зашто Господ е наш Судија, Господ е наш Законодавец, Господ е наш Цар - Тој ќе нѐ спаси. 23Јажињата ти попуштија, не можат да го држат јарболот ниту да ги развијат едрата. 24И ниеден жител нема да рече: „Болен сум!“ На народот што живее таму, ќе му се прости беззаконието.
Селектирано:
ИСАИЈА 33: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: