Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 20

20
4. Победа на Асирија над Египет
1Во годината кога врвниот војсководач, кого го беше испратил Саргон, асирски цар, дојде во Азот, го нападна и го зазеде, 2во тоа време Господ му рече на Исаија, Амосовиот син, велејќи: „Ајде, симни го вреќиштето од половината и собуј ги обувките од нозете.“ Тој направи така и одеше гол и бос. 3Тогаш Господ рече: „Како што Мојот слуга Исаија одеше гол и бос три години, како знак и чудо за Египет и Етиопија, 4така асирскиот цар ќе одведе затвореници од Египет и заточеници од Етиопија: млади и стари, голи и боси, со откриени бедра, за срам на Египет. 5Тогаш ќе се збунат и ќе се засрамат заради Етиопија, својата надеж, и заради Египет, својата горделивост. 6И жителите на ова приморје ќе речат во оној ден: ‘Ете, тоа е нашата надеж, кон која прибегнуваме за да ни помогне и за да нѐ спаси од асирскиот цар. А како да се спасиме ние?’“

Селектирано:

ИСАИЈА 20: MKB

Нагласи

Копирај

Спореди

Сподели

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се