ЕЗЕКИЕЛ 22
22
К. Гревови на Ерусалим
1. Обвинителен поднесок
1И ми дојде Господово слово: 2“Човечки сине, сакаш ли да судиш, сакаш ли да му судиш на крвничкиот град? Покажи му ги сите негови гнасности! 3Речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Граду што пролеваш толку крв во себе и што си градиш насекаде идоли за да се онечистиш, чукна твојот час: 4ти згреши со крвта што ја пролеа, и ти се онечисти со идолите што ги направи, скратувајќи ги така своите денови и забрзувајќи ги своите години. И затоа сега ќе те направам срам меѓу народите, потсмев по сите земји. 5И кои ти се близу и кои ти се далеку, ќе ти се потсмеваат тебе: ‘Онечистувајќи го твоето име, што се прочу со насилство!’
6Ете, Израелевите кнезови и - секој на своја рака - пролеваат крв во тебе. 7И во тебе веќе не се почитуваат ни таткото ни мајката, ги угнетуваат придојдениците, ги злоставуваат во тебе сирачињата и вдовиците! 8Ги презираш Моите светини, ги обесветуваш саботите. 9Во тебе се клеветниците заради кои се пролева крвта; во тебе се јаде по горите, сред тебе се прават разврати. 10Во тебе се открива татковиот срам, во тебе ги силуваат жените додека се нечисти. 11Едниот прави гадост со жената на својот сосед, другиот со срамно дело ја обесчестува својата снаа, а третиот во тебе ја изнасилува сестрата, ќерката на својот татко. 12Ги има кои примаат поткуп за да пролеат крв. Земаш заем и придобивка, ограбуваш насила од ближниот, а Мене Ме забораваш - говори Господ Бог.
13Затоа еве, Јас плескам со рацете над пленот што ти го ограби и над крвта што се лее во тебе. 14Зашто, дали твоето срце ќе издржи и дали твоите раце ќе одолеат во деновите кога Јас ќе станам против тебе? Јас, Господ, реков и ќе направам! 15Затоа ќе те распрснам меѓу народите, ќе те расеам по земјите, за да ја отстранам од тебе сета нечистота! 16И пак ќе бидеш Мое наследство пред очите на народите. И ќе знаеш дека Јас Сум Господ!“‘“
2. Суд на Божји гнев (приказна за огнот)
17Ми дојде Господово слово: 18“Човечки сине, Израелевиот дом ми стана талог: бронза, калај, железо и олово во печка - сите тие се отпадок! 19Затоа Господ Бог зборува вака: ‘Бидејќи ми станавте талог, ќе ве соберам, еве, во Ерусалим. 20Како што се собира среброто, бронзата, железото, оловото и калајот во печка, та наоколу се раздувува огнот, за да се растопи сѐ така и Јас ќе ве соберам во Својот гнев и во својата јарост, ќе ве сложам и ќе ве растопам. 21Да, ќе ве соберам и ќе го раздувам околу вас огнот на Мојата јарост, за да се растопите сред градот. 22Како што среброто се топи во печка, така и вие ќе се растопите во него. И ќе знаете дека Јас Сум Господ, Мојот гнев го излевам врз вас!’“
3. Обвинителниот поднесок проширен за сите
23Ми дојде Господово слово: 24“Човечки сине, речи уште: ‘Ти си земја уште неочистена, која уште не ја изми дождот на гневниот ден!’ 25Во нејзината средина има заклетви од пророци, како лавовите што рикаат и што го раскинуваат пленот, ги голтаат луѓето, им ги одземаат богатството и скапоценостите, множејќи ги вдовиците сред неа. 26Нејзините свештеници не го почитуваат Мојот Закон и ги обесветуваат Моите светини, не разликувајќи го светото од несветото, не учејќи се да го разликуваат нечистото од чистото. Ги занемарија моите саботи, без чест Сум во нивната средина. 27Нејзините старешини, како волците што го раскинуваат пленот и што пролеваат крв, ги упропастуваат луѓето, лакоми на добиток. 28А нејзините пророци сето тоа го премачкуваат со белило и го покриваат со суетни виденија и со лажни пророкувања, велејќи: ‘Господ Бог зборува вака:’ а Господ не го рече тоа. 29Народот на земјата пак прави секакви насилства и грабежи, ги угнетуваат сиромашниот и бедниот, а придојденикот го угнетуваат без право. 30Барав меѓу нив некого за да ги подигне ѕидовите и за да застане на пробоите пред Мене во одбрана на земјата, за да не ја сотрам, и не најдов никого. 31И затоа го излеав Својот гнев врз нив па ги сотрев со огнот на Својата јарост; нивните патишта им ги оборив врз главата - говори Господ Бог.“
Селектирано:
ЕЗЕКИЕЛ 22: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: