2 ЦАРЕВИ 14
14
Ѕ. Зацарување на Амасиј, - јудејски цар
1. Настани за време на неговото царување
1Во втората година на царувањето на Јоас, синот Јоахазов, над Израел, јудејски цар стана Амасиј, синот Јоасов. 2Му беа дваесет и пет години кога се зацари, а царуваше дваесет и девет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Јоадана и беше од Ерусалим. 3Правеше што е право во Господовите очи, ама не сосем како неговиот прататко Давид. Во сѐ го следеше Јоаса, својот татко. 4Ама не ги разурна високите места, и народот уште принесуваше жртви и кадеше на високите места. 5Кога го зацврсти царството, ги погуби оние стотници кои што му го убија таткото. 6Но не ги погуби синовите на тие убијци, според она што е напишано во книжниот свиток на Мојсеевиот закон, каде Господ заповеда: „Татковците нека не бидат погубувани заради синовите ни синовите за татковците, туку секој нека гине за својот грев.“
7Тој ги разби Едомците во Солената Долина, нив десет илјади, и во битката ја зазеде Села; ѝ го даде името Јоктиел, што го носи до денешниот ден.
2. Војна со Израел
8Тогаш Амасиј му испрати гласници на израелскиот цар Јоас, синот на Јујовиот син Јоахаз, и му порача: „Дојди да се видиме лице в лице!“ 9А израелскиот цар Јоас му одговори на јудејскиот цар Амасиј: „Ливанскиот трн еднаш му испрати гласници на ливанскиот кедар: ‘Дај му ја ќерка ти на мојот син за жена,’ ама дивите ливански ѕверови поминаа и го изгазија трнот. 10Ги разби Едомците, па срцето ти збесна и бараш слава! Подобро остани дома. Зошто го предизвикуваш злото и сакаш да пропаднеш ти и сите Јудејци со тебе?“ 11Ама Амасиј не послуша. Израелскиот цар Јоас излезе, та се сретнаа во бој, тој и јудејскиот цар Амасиј во Вет Семес, во Јудеја. 12Израелците ги поразија Јудејците, и тие избегаа секој под својот шатор. 13Израелскиот цар Јоас го фати во Вет Семес јудејскиот цар Амасиј, синот Јоасов, синот Охозиин, и го одведе во Ерусалим. Тогаш го разурна ерусалимскиот ѕид од Ефремовата Врата до Аглената Врата, во должина од четири стотини лакти. 14Откако го зеде сето злато, сребро и садовите што се наоѓаа во Господовиот Дом и во ризницата на царскиот дворец, освен тоа и заложници, се врати во Самарија.
3. Јоасова смрт
15Другата Јоасова повест, сѐ што направи и преземал, и како војувал со Амасиј, јудејскиот цар, зар сѐ тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви? 16Јоас почина со своите татковци и е погребан во Самарија покрај израелските цареви. Неговиот син Јеровоам се зацари место него.
4. Смрт на Амасиј и зацарување на Азариј
17Амасиј, синот Јоасов, јудејскиот цар, живееше уште петнаесет години по смртта на израелскиот цар Јоас, синот Јоахазов. 18А другата Амасиева повест, зар не е запишана во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви? Против него направија завера во Ерусалим. Иако тој избега во Лахис, испратија по него во Лахис луѓе кои го убија таму. 20Оттаму го пренесоа на коњи и го погребаа во Ерусалим покрај неговите татковци, во Давидовиот Град. 21Тогаш сиот јудејски народ го зеде Азариј, кому му беа шеснаесет години, и го зацарија место неговиот татко Амасиј. 22Тој пак го изгради Елат и ѝ го врати на Јудеја, откако царот почина кај своите татковци.
И. Царување на Јеровоам над Израел
23Во петнаесеттата година на царувањето на јудејскиот цар Амасиј, синот Јоасов, израелски цар во Самарија стана Јеровоам, синот Јоасов. Тој царуваше четириесет и една година. 24Правеше што е зло во Господовите очи, не се остави од ниеден грев на Јеровоама, синот Наватов, кој го заведе Израел во грев. 25Тој го доби назад израелското подрачје од Влезот во Емат до Мртвото Море, според словото што Господ, Израелевиот Бог, го рече преку Својот слуга Јона, синот Аматиев, пророк од Гат Ефер. 26Зашто Господ ја виде лутата неволја на Израел, дека веќе нема ни слободни ни робови и никој да му помогне на Израел. 27Но Господ не одлучи да го избрише Израелевото име под небото: го спаси со раката на Јеровоам, синот Јоасов.
28Другата Јеровоамова повест, сѐ што направи и сѐ што преземал, како војуваше и како им го врати Дамаск на Јуда и на Израел, зар сѐ тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви? 29Јеровоам почина со своите татковци. Го погребаа во Самарија, покрај израелските цареви, а неговиот син Захариј се зацари место него.
Селектирано:
2 ЦАРЕВИ 14: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: