2 ЛЕТОПИСИ 32
32
4. Сенахиримов пораз
а. Одбрана на Сенахирим
1По тие настани и докази за верност, асирскиот цар Сенахирим им дојде и откако влезе во Јудеја, ги опколи утврдените градови мислејќи да ги освои. 2Езекија, откако виде дека дојде Сенахирим и како наумува да завојува против Ерусалим, 3се посоветува со кнезовите и со јунаците, за да ги засипе водните извори што беа надвор од градот. Тие му помогнаа нему. 4Се собра многу народ, та ги засипа сите извори и потокот што течеше сред земјата; зборуваа: „Зошто асирските цареви да најдат толку вода кога ќе дојдат!“ 5Езекија се ободри го обнови сиот соборен ѕид и подигна стражарници врз него; однадвор изгради друг ѕид и го зацврсти Милон во Давидовиот Град; направи многу копја и штитови. 6Потоа постави началници над народот и ги повика кај себе на плоштадот покрај Градската Врата, ги охрабри со овие зборови: 7“Бидете храбри и јунаци; не бојте се и не плашете се од асирскиот цар, ни од сето мноштво што е со него зашто со нас е Посилниот отколку со него; 8со него е телесната мишка, а со нас е Господ, Бог наш, за да ни помага и за да ги војува нашите боеви.“ Народот се надеваше во зборовите на јудејскиот цар Езекија.
б. Сенахиримови закани
9Потоа асирскиот цар Сенахирим, додека беше кај Лахис со сета бојна сила, испрати слуги во Ерусалим кај јудејскиот цар Езекија и кај сите Јудејци, кои беа во Ерусалим, и им порача: 10“Асирскиот цар Сенахирим вели вака: ‘Во што се надевате стоејќи опсадени во Ерусалим? 11Зар не ве заведува Езекија за да ве предаде на смрт од глад и од жед кога зборува: „Господ, нашиот Бог ќе не избави од рацете на асирскиот цар?“ 12Нели тој Езекија ги отстрани неговите високи места и неговите жртвеници и им заповеда на Јудејците и на Ерусалимците говорејќи: „Клањајте се пред еден жртвеник и кадете врз него!“ 13Зар не знаете што направив јас и моите предци од сите земни народи? Зар боговите на земните народи можеа да ги избават своите земји од мојата рака? 14Кој од сите богови на оние народи, што моите предци ги уништија сосем, можеше да избави народ од мојата рака, за да може вашиот Бог да ве избави вас од мојата рака? 15Затоа немојте сега Езекија да ве измамува и да ве заведува така, и не верувајте му! Зашто ниеден бог на ниеден народ или царство не можеше да го избави својот народ од мојата рака, ни од раката на моите предци, а камоли вашиот Бог ќе ве избави од мојата рака!’“
в. Сенахиримова хула
16Неговите слуги уште повеќе ги напаѓаа Бога Господа и неговиот слуга Езекија. 17Напиша и писмо хулејќи Го Господа, Израелевиот Бог: „Како што боговите на земните народи не ги избавија своите народи од мојата рака, така ни Езекиевиот Бог не ќе го избави Својот народ од мојата рака.“ 18И му викаа со силен глас, на јудејски јазик, на ерусалимскиот народ, кој беше на ѕидот за да го уплашат и да го смутат, како би го презеле градот. 19Зборуваа за ерусалимскиот Бог како за боговите на земните народи, за боговите што се дело на човечките раце.
г. Господ ја поразува асириската војска
20Затоа царот Езекија и пророкот Исаиј, Амосовиот син, се помолија и го повикаа небото на помош. 21Тогаш Господ испрати ангел, кој ги уништи сите храбри јунаци, заповедниците и началниците во војската на асирскиот цар, така што се врати засрамен во својата земја. А кога влезе во храмот на својот бог, го сосекоа таму со меч некои, кои се родија од неговото крило. 22Така Господ ги спаси Езекија и ерусалимските жители од раката на асирскиот цар Сенахирим и од раката на непријателите, та им даде мир отсекаде. 23Мнозина им донесуваа дарови на Господа во Ерусалим и скапоцености на јудејскиот цар Езекија. Потоа Езекија се возвиши во очите на сите народи.
5. Болест и исцерување на Езекија
24Во тоа време Езекија се разболе на смрт, ама Му се помоли на Господа, Кој му проговори и направи чудо. 25Но Езекија не му се оддолжи на добротворството што му беше искажано, туку се возгордеа; затоа гневот дојде врз него, врз Јуда и врз сиот Ерусалим. 26Но Езекија се понижи затоа што му се беше возгордеало срцето, и тој и Ерусалимците, па така Господовата расрденост не дојде врз нив за време на Езекиевиот живот.
6. Богатство и слава на Езекија
27Езекија придоби многу големо богатство и слава; направи ризница за сребро и злато, за скапоцени камења, за мириси, за штитови и за секакви скапоцени посатки; 28складишта за родот на житото, на новото вино и за маслото, простории за секаков добиток, огради за стадата. 29Подигна и градови, имаше многу добиток, ситна стока и говеда, зашто Господ му даде мошне голем имот. 30Истиот Езекија го засипа горниот извор на Гионската Вода и ја сврте право на западната страна од Давидовиот Град. Езекија беше среќен во секоја работа. 31Само кога дојдоа пратениците на вавилонските кнезови, испратени кај него за да се распрашаат за чудото што стана во земјата, Бог го остави, за да го испита и за да се сознае сѐ што му е во срцето.
7. Езекиева смрт
32Другите Езекиеви дела, и неговата набожност, се запишани во пророчките виденија на пророкот Исаиј, Амосов син, и во книжниот свиток за јудејските и израелските цареви. 33Езекија почина кај своите татковци. Го погребаа на угорништето по кое се оди кон гробовите на Давидовите синови. По смртта сите Јудејци и Ерусалимци му оддадоа почест. На негово место се зацари син му Манасиј.
Селектирано:
2 ЛЕТОПИСИ 32: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: