Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 САМОИЛ 18

18
3. Давидово и Јонатаново пријателство
1Кога Давид го заврши разговорот со Саула, Јонатановата душа се наклони кон Давидовата душа, и Јонатан го возљуби како самиот себеси. 2Саул го задржа Давида во оној ист ден кај себе, не го остави да се врати во куќата на својот татко. 3И Јонатан склучи сојуз со Давида, зашто го љубеше како самиот себе. 4И Јонатан ја симна наметката што ја имаше на себе и му ја даде на Давида; така и својата облека, па и својот меч, својот лак и својот појас. 5Во сите свои походи, каде и да го праќаше Саул, Давид постапуваше разумно, и Саул го постави на чело на своите воини; тој му замилеа на сиот народ, па и на Сауловите дворјанци.
4. Саулова омраза
6При нивното враќање, кога Давид се враќаше откако го уби Филистеецот, жените од сите Израелеви градови му излегоа во пресрет на царот Саул воскликнувајќи весело, пеејќи и играјќи при звуци на тапани и гуслиња. 7Жените пееја играјќи: „Саул погуби илјади, Давид десетици илјади.“
8Саул се расрди многу, не му беше мила таа песна. Затоа рече: „На Давида му дадоа десетици илјади, а мене само илјада! Уште му треба само царството!“ 9И од тој ден Саул го гледаше Давида со омраза.
10Утреден зол Божји дух го нападна Саула, така што беснееше по куќата. Давид удираше со раката по лирата како во другите денови, а Саул имаше копје во раката. 11И Саул го фрли копјето велејќи во себе: „Сега ќе го заковам Давида за ѕидот!“ Но Давид му избега двапати.
12Саул почна да се бои од Давида, зашто Господ беше со него, а отстапи од Саула. 13Затоа Саул го отстрани од својата близина и го постави за илјадник; тој излегуваше и се враќаше на чело на народот. 14Давид имаше успех во сите свои патишта, зашто Господ беше со него. 15Кога Саул виде дека Давид има многу успеси, го опфати страв од него. 16Ама Давид им замилеа на сиот Израел и на Јуда, зашто тој ги водеше по сите нивни патишта.
5. Давид се жени со Саулова ќерка - Михала
17Саул му рече на Давида: „Еве ќе ти ја дадам за жена својата најстара ќерка Мерава, само биди ми храбар и води ги Господовите боеви!“ Саул мислеше: „Нема да падне од мојата рака, туку нека се крене на него филистејската рака!“ 18А Давид одговори: „Кој сум јас и што значи мојот живот, што куќата на мојот татко, во Израел, за да бидам царев зет?“ 19И кога дојде време Сауловата ќерка Мерава да тргне со Давида, му ја дадоа за жена на Адрил од Меола.
20Ама Давида го љубеше Сауловата ќерка Михала; кога му јавија тоа на Саула, му беше право. 21Тој рече во себе: „Ќе му ја дадам, ама таа ќе му биде стапица, и филистејската рака ќе се дигне на него.“ Саул по вторпат му рече на Давида: „Денес ќе ми бидеш зет.“ 22Тогаш Саул им заповеда на своите слуги вака: „Разговарајте со Давида тајно и речете му: ‘Ете, му замиле на царот, и сите негови дворјани те сакаат; затоа биди царев зет!’“ 23И Сауловите слуги му ги повторија тие зборови на Давида, ама Давид им одговори: „Зар е во вашите очи нешто мало да се стане царев зет? Јас сум само беден и мал човек!“ 24Сауловите слуги му го соопштија тоа на Саула, велејќи: „Еве ти ги зборовите што ги рече Давид.“ 25А Саул одговори: „Речете му на Давида вака: ‘Царот не бара никаков свадбен подарок туку само сто филистејски обрезоци, за да им се одмазди на царевите непријатели.’“ Саул мислеше така ќе го урне Давида во рацете на Филистејците. 26Сауловите слуги му ги соопштија тие зборови на Давида, а нему му беше по волја да стане царев зет. Уште пред да истече времето 27Давид се подготви и тргна со своите луѓе па им уби на Филистејците две стотини луѓе; и ги донесе нивните обрезоци и му ги предаде на царот на број, за да стане негов зет. Тогаш Саул му ја даде својата ќерка Михала за жена. 28Саул виде јасно дека Господ е со Давида и дека сиот Израелев дом го љуби. 29И Саул се исплаши уште повеќе од Давида и му стана непријател на Давида засекогаш.
30А филистејските кнезови излегуваа во бој, ама колку пати и да излегуваа, Давид имаше повеќе успеси отколку сите Саулови дворјани; и така неговото име стана многу славно.

Селектирано:

1 САМОИЛ 18: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се