Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Песна над песните 3

3
Верноста на пријателката.
1Ноќва во леглото мое го барав оној, кога го сака душата моја, го барав и не го најдов.
2Затоа ќе станам, ќе тргнам по градот, по улиците и плоштадите, и ќе го барам оној, кого душата моја го сака. Го барав, но не го најдов.
3Ме сретнаа стражарите, што го обиколуваат градот: »Дали го видовте – ги прашав – оној, кого душата моја го сака?«
4Но, штом ги одминав, го најдов оној, што го сака душата моја, се фатив за него цврсто и не го пуштив, додека не го одведов во куќата на мојата мајка и во одајата на родителката своја.
Возљубениот:
5Ве заколнувам, ќерки ерусалимски, во срните и полските кошути: немојте да ја разбудувате и да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака.
Хорот:
6Што е таа, која се издига од пустињата како столб од дим, што мириса на смирна и темјан, и на секакви пријатни мириси?
7Еве ја носилката – на Соломона: околу неа шеесет души јунаци меѓу јунаците Израилеви.
8Сите држат по еден меч и се вешти во борба; секој има меч на бедрото свое поради ноќниот страв.
9Носилка си направил царот Соломон од ливанско дрво;
10скалата ја направил од сребро, оградите нејзини се од злато, седиштето – порфир; внатрешноста со љубов ја украсиле ќерките ерусалимски.
11Излезете, ќерки сионски, и погледајте го цар Соломона со венецот, со кој го украсила мајката негова во денот на свадбата негова, во радосниот ден за срцето негово.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност