Јаков 2
2
Вистинска вера не гледа на тоа кој е што и се покажува во делата.
1Браќа мои, држете ја верата во Исуса Христа, нашиот Господ на славата, и не гледајте кој е што.
2Ако во собрание ваше влезе човек со златен прстен, во светли алишта, а влезе и сиромав со проста облека,
3па погледате на облечениот во светли алишта и му речете: »Ти седни овде убаво!«, а на сиромашниот му речете: »Ти стој таму!« или »Седни овде, при подножјето мое!«
4И не размисливте во себе, туку станавте судии на лоши помисли.
5Послушајте, возљубени браќа мои, не ги избра ли Бог сиромасите од овој свет да бидат богати во верата и наследници на царството, ветено од Него на оние, кои Го сакаат?
6А вие го посрамивте сиромавиот. Не се ли тоа богатите што ве мачат и влечат по судови?
7Не го хулат ли тие вашето добро име, со кое сте се нарекле?
8Ако, пак, го извршувате царскиот Закон според Писмото: »Возљуби го ближниот како самиот себе« – добро правите.
9Но, ако гледате на лице, грев правите; и Законот ве изобличува како престапници.
10Оти, кој го пази целиот Закон, а згреши само во едно, виновен ќе биде за сѐ.
11Зашто Оној, Кој рекол: »Не прави прељуба«, рекол и: »Не убивај!« Па затоа, ако не вршиш прељуба, а убиеш, ти ќе станеш престапник на Законот.
12Зборувајте и постапувајте како оние, што ќе бидат судени според Законот на слободата.
13Оти судот ќе биде безмилосен спрема оној, кој не покажал милост; милоста во судот се пофалува.
14Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а дела нема? Може ли верата да го спаси?
15Ако некој брат или сестра се голи и немаат што да јадат,
16па некој од вас им рече: »Одете си со мир, грејте се и наситете се!«, а не им даде што им е потребно за телото – каква полза?
17И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва.
18Но може некој да рече: »ти имаш вера, а јас имам дела.« Покажи ми ја верата своја без дела, а јас ќе ти ја покажам верата своја од моите дела.
19Ти веруваш дека Бог е еден; добро правиш; но и бесовите веруваат, а треперат.
20Не сакаш ли да разбереш, о суетни човеку, дека верата без дела е мртва?
21Нели со дела се оправда Авраам, нашиот татко, откако врз жртвеникот го положи синот свој Исака?
22Гледаш ли дека верата им помогна на делата негови, и дека преку делата верата стана совршена?
23И се изврши Писмото, кое вели: »Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се прими како оправдание«, и тој се нарече – пријател Божји.
24Гледате ли дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера?
25А така не се оправда ли со дела и блудницата Раав, откако ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат.
26Оти, како што е телото без дух мртво, така и верата без дела е мртва.
Селектирано:
Јаков 2: MK1990
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: