Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ппророк Језекиил 47

47
Границите на земјата.
1Потоа ме врати кај вратата на храмот, а ете, таму, под прагот на храмот течеше вода кон исток, бидејќи храмот беше свртен кон исток, и водата течеше од под десната страна на храмот, јужно од жртвеникот.
2Ме изведе низ северната врата и однадвор ме поведе кон надворешната врата, по патот, свртен кон исток, каде што водата течеше од десната страна.
3Кога тој човек појде кон исток, во раката држеше врвца; тогаш тој измери илјада лакти и ме поведе преку водата; водата беше длабока до глуждовите.
4Потоа измери уште илјада лакти и пак ме преведе преку водата; водата беше длабока до колена. Измери уште илјада лакти и ме преведе преку: водата беше длабока до појасот.
5И пак измери уште илјада лакти, а таму веќе имаше поток, преку кој јас не можев да минам, бидејќи водата беше толку висока, што требаше да пливам, оти тој поток не можеше да се прегази.
6Па ми рече: »Виде ли, сине човечки?« Потоа ме поведе назад кон брегот на потокот.
7А кога се вратив назад, таму, пак, на бреговите од едната и од другата страна имаше многу дрвја.
8И ми рече: »Ова вода тече кон источниот дел на земјата, се спушта во рамнината и потоа ќе се влива во морето; и водите на потокот ќе бидат здрави.
9И секое живо суштество, што ќе се движи таму, каде што се вливаат двете струи, ќе биде здраво; и риби ќе има таму многу, зашто таа вода ќе се влива таму; и водите на морето ќе станат здрави, и каде што ќе се влива тој поток, таму сѐ ќе биде живо.
10И до него ќе стојат рибари од Ен – Гади до Еглаим, ќе фрлаат мрежи. Ќе има секаков вид риба, како и во големото море, и ќе има многу, многу риба.
11Калиштата и барите негови, што нема да стана здрави, ќе бидат оставени за сол.
12По бреговите на потокот од едната и од другата страна ќе растат секакви дрвја, што ќе даваат храна; лисјата нивни нема да свенуваат и плодовите нивни нема да завршуваат; секој месец ќе зреат нови, оти водата од светилиштето тече за нив; плодовите нивни ќе служат како храна, а лисјата нивни – за лек.«
13Вака вели Господ Бог: »Еве ја распределбата, според која вие ќе треба да ја разделите земјата во наследство помеѓу дванаесетте Израилеви колена – на Јосифовите два дела.
14Па наследете ја, како едниот, така и другиот; зашто Јас, кога ја кренав раката, се заколнав дека ќе им ја дадам на татковците ваши, и таа земја ќе ви биде наследство.
15А еве ја границата на земјата: од север, почнувајќи од големото море, преку Хетлон, по патот за Цедад,
16Емат, Берот, Сивраим, што се наоѓа меѓу областа на Дамаск, и Емат, Хацар Тихон, кој се наоѓа на Авранската граница.
17И границата од морето ќе биде до Хацар Енон, границата со Дамаск и понатаму на север сѐ до областа Емат: тоа ќе биде северниот крај.
18Од источната страна повлечете црта меѓу Авран и Дамаск, меѓу Галад и земјата Израилева, по реката Јордан сѐ до морето источно: тоа е источната граница.
19А од јужната граница спрема југ од Тамара до водата на Мерива во Кадис, сѐ по должината на потокот до големото море: тоа е јужната граница.
20Западната граница ќе биде великото море, од југ до местото спроти Емат: тоа е западната граница.
21Разделете си ја таа земја на делови според Израилевите колена.
22А разделете ја со жреб како наследство свое и наследство на другоземци, што живеат при вас, и кои родиле деца при вас, па и тие нека се сметаат како туѓоземци, и да имаат дел од наследството меѓу колената Израилеви.
23При чие колено живее туѓоземец, при него дајте му и негово наследство«, вели Господ Бог.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност