Амос 8
8
Залудна жед за Божји збор.
1Вакво видени ми откри Господ Бог: ете, кошница со зрели плодови.
2И ми рече Он: што гледаш, Амосе? Одговорив: кошница со зрели плодови. Тогаш Господ ми рече: му дојде крајот на Мојот народ Израилот – нема повеќе да му проштевам.
3Песните во дворците во оној ден ќе се претворат во ридање, вели Господ Бог; ќе има многу трупови, ќе ги фрлаат насекаде молчешкум.
4Чујте го ова, вие, кои жедувате да проголтате бедни и да погубите сиромаси,
5вие, кои велите: – кога ќе мине месечието, за да продаваме жито, и сабота, за да ги отвориме житниците, да ја намалиме мерката, да ја зголемиме цената на сиклата и да измамуваме со лажни мерки,
6да купуваме сиромаси со сребро и бедни за два чевела, и да продаваме отсевки?
7Се заколна Господ во славата на Јакова: навистина нема никогаш да заборавам ниту едно од делата негови!
8Нема ли да се затресе земјата од тоа и нема ли да заплаче секој жител на неа? Таа целата ќе се разбранува како река и ќе се подига и ќе се спушта како реката египетска.
9И во оној ден, вели Господ Бог, ќе направам сонцето да зајде попладне и ќе ја помрачам земјата среде бел ден,
10ќе ги претворам празниците ваши во тага и сите ваши песни – во плач; ќе ставам вреќишта на сите бедра и ќелавост – на секоја глава, и ќе создадам во земјата плач како за син единец, и крајот ќе ѝ биде како тажен ден.
11Ете, настапуваат дните, вели Господ Бог, кога ќе испратам на земјата глад, не глад за леб, не жед за вода, туку жед за слушање зборови Господови.
12И ќе одат од море до море, ќе скитаат од север до исток, барајќи го словото Господово, и нема да го најдат.
13Во оној ден ќе премираат од жед убавите девојки и момчиња.
14Они што се колнат во гревот Самариски и велат: жив е твојот бог, Дане, така да ни е жив и патот за Вирсавија! Тие ќе паднат и веќе нема да се кренат.
Селектирано:
Амос 8: MK1990
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: