Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 4

4
Отворено небо
1 # 1,10; 2 Мојс 19,20.24; Јн 1,51 Потоа погледав, и ете, отворена врата на небото, и поранешниот глас, што го бев чул како од труба, кој зборуваше со мене, рече: „Искачи се ов­де и ќе ти покажам што треба да стане потоа!“ 2#4,9; 5,1.7.13; 6,16; 7,10.15; 19,4; 21,5; 1 Цар 22,19; Ис 6,1; Ез 1,26-27; 10,1; Пс 47,8; Дан 4,31; 12,7; 2 Лет 18,18И веднаш бев обземен од духот. И ете, на небото стоеше престол, и на престолот седеше Некој. 3Оној што седеше изгледаше како ка­мен јаспис и сардис, а околу престолот виножито, кое прилегаше на смарагд. 4#Ис 24,23Околу престолот, пак, имаше дваесет и четири престоли; и на престолите видов седнати дваесет и четири ста­ре­шини, облечени во бели алишта, а на главите светкавици, громови и гласови; имаа златни венци. 5#1,4; 5,6; 8,5; 11,19; 16,18; 2 Мојс 19,16; Ез 1,13; Зах 4,2И од престолот излегуваа молњи, громови и гласови, а пред престолот го­реа седум огнени светила, кои се се­дум­те Божји духови; 6#2 Мојс 24,10; Ез 1,5-22пред престолот, пак, имаше стакле­но море, слично на кристал; а сред престолот и околу престолот – четири животни, однапред и одназад полни со очи: 7првото животно прилегаше на лав, второто – на теле, третото животно имаше лице како на човек, а четвртото личеше на орел во лет. 8#1,8; Ис 6,2-3; Ез 1,18; 10,12; Амос 3,13Четирите животни имаа по шест крилја околу себе, а однатре беа полни со очи, и без прекин дење и ноќе воскликнуваа: „Свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот, Кој беше, Кој е и Кој ќе дојде!“ 9#4,2А кога животните Му оддаваа слава, чест и благодарност на Седнатиот на престолот, на Живиот во сите векови, 10дваесет и четирите старешини па­ѓаа пред Седнатиот на престолот, Му се поклонуваа на Живиот во сите векови и ги полагаа своите венци пред прес­то­лот, велејќи: 11#14,7; Пс 115,3; Рим 4,17„Достоен си, Господи, да ја примиш славата, честа и силата, зашто Ти си создал сѐ, и според Твојата волја постои сѐ и е создадено!“

Селектирано:

Откровение 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност