Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 46

46
ПСАЛМ 46
Бог е со нас. Тој е наше прибежиште и сила
1Бог ни е нам прибежиште и сила, докажан помошник, во неволја. 2#62,8Затоа нема да се уплашиме, па ма­кар и земјата да се разниша, и горите да се срушат во срцето морско. 3#Ис 54,10; Јов 9,5-6И ако бучат и се креваат водите нив­ни, и да се тресат горите од жестината нивна. 4#93,3Речните потоци го веселат Божји­от град, Светото живеалиште на Севишни­от. 5#68,16Бог е среде него; тој нема да се раз­ниша: Бог ќе му помогне уште пред зори. 6#125,1Се збунија народите; се потресоа царствата; го пушти Својот глас, и земјата се топи. 7#Откр 11,18; Пс 29,1-11Господ Саваот е со нас, Јакововиот Бог е наше прибежиште. 8#9,9; 48,3; Ис 7,14; 8,9Дојдете и видете ги делата Божји – пустошењата што ги направи Тој на Земјата. 9#66,5Прекратувајќи ги војните до крајот на Земјата, ќе го скрши лакот и ќе го здроби копјето, и штитовите големи со оган ќе ги изгори. 10#76,3; Ос 2,20Застанете и разберете дека Јас сум Бог, возвишен над народите, возвишен над Земјата. 11#5 Мојс 32,39Господ Саваот е со нас, Јаково­виот Бог е наше прибежиште.

Селектирано:

Псалми 46: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност