Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 4

4
ПСАЛМ 4
Давидовата вечерна молитва е полна со храброст против непријателите
1Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Кога бев притеснет, Ти ми даде простор. Смилувај ми се и слушни ја молитвата моја. 2#18,19; 102,2; 118,5Синови човечки, до кога ќе ја срамотите славата Моја? До кога ќе сакате суета и ќе барате лага? 3Знајте дека Господ го запазил Сво­јот верен; Господ слуша кога викам кон Него. 4Не грешете, гневејќи се; размислете во срцата свои и на постелите свои, и замолкнете! 5#Ефес 4,26Принесете жртва на правда и надевајте се на Господ. 6#51,19; 62,8; 115,9-11; 5 Мојс 33,19; Мал 3,3Мнозина велат: ќе видиме ли нешто добро? Осветли нѐ со светлината на ли­цето Свое, Господи! 7#31,16; 44,3; 67,1; 80,3; 89,15; 4 Мојс 6,25; Изреки 16,15; Дан 9,17А мене Ти си ми го исполнил срцето со радост поголема отколку онаа кога ќе се роди во изобилие пченица и вино. 8Затоа мирно легнувам и спијам; зашто Ти, Господи, ми даваш спокојна починка.

Селектирано:

Псалми 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност