Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 139

139
ПСАЛМ 139
Бог сѐ знае и сѐ гледа
1 # Ер 12,3 Господи, Ти си ме испитал и ме зна­еш. 2#94,11Ти знаеш кога седнувам и кога станувам; Ти оддалеку ги разбираш мислите мои. 3#Јов 13,27Одам или лежам, Ти сѐ гледаш, сите патишта мои си ги предвидел. 4Уште зборови не ми дошле до јази­кот мој, Ти, Господи, веќе ги знаеш: 5Ти ме опкружуваш, зад мене си, пред мене си; раката Твоја е поло­жена над мене. 6Се восхитувам на Твоето знаење, – тоа е превисоко, не можам да му пријдам! 7Каде да одам од Твојот дух, и од лицето Твое каде да побегнам? 8#Ер 23,24; Амос 9,2Ако се искачам на небото – Ти си таму; ако слезам во Подземјето#139,8 на еврејски „шеол“ е „свет на мртвите, Подземје, Ад.“, Ти си и тука. 9Ако ги земам крилјата на зората и се преселам на крајот од морето, – 10и таму ќе ме води Твојата рака, Твојата десница ќе ме држи. 11#Јов 24,17Ако речам: можеби темнина ќе ме покрие, но и ноќта е како светлина околу мене; 12#Дан 2,22и темнината нема да биде темнина за Тебе; и ноќта за Тебе е светла како ден и темнината како светлина. 13#71,6; Јов 10,9-12Зашто Ти си ја создал мојата внат­решност и ме оформи во мајчината ми утроба. 14Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела; душата моја тоа добро го знае. 15Ниедна моја коска не се сокри од Тебе, додека настанував во тајност, исткаен во длабините на земјата. 16#Ис 4,3; Дан 12,1Твоите очи го видоа зародишот мој и во Книгата Твоја сѐ е запишано за мене дури и деновите мои се забеле­жани кога уште не постоеше ниеден. 17Колку ми се недостапни Твоите мисли, Боже, колку се многубројни! 18Да ги пребројам – но тие се поброј­ни и од песокот; се будам и сѐ уште сум со Тебе. 19#119,115Кога би сакал да ги убиеш, Боже, грешниците; иставете се од мене, крвопијци! 20Подмолни се во помислите свои, суетно се креваат Твоите непријатели. 21#26,2; Ер 6,27; Јов 23,10Зар не ги замразив оние, Господи, кои Тебе Те мразат, и зар не се гнасам од непријателите Твои? 22Со полна омраза ги замразив; ги сметам за непријатели. 23#17,3; 26,2Испитај ме, Боже, и познај го срцето мое; испитај ме и запознај ги патеки­те мои; 24и види дали сум на пат на беззако­нија, и упати ме на вечен пат.

Селектирано:

Псалми 139: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност