Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Неемија 2

2
Неемија овластен да се врати во Ерусалим
1 # Езд 4,7; 6,14 Во дваесеттата година од царувањето на Артаксеркс, во еден ден од месецот нисан, имаше пред мене ви­но. Јас го зедов виното и му го подадов на царот, и бев натажен пред него. 2А царот ме праша: „Зошто ти е на­жалено лицето, иако не си болен? Тоа може само да значи дека имаш тага на срцето.“ Јас многу се уплашив 3#2 Цар 25,8-10; Ер 52,12-14; 2 Лет 36,19и му реков на царот: „Вечно да си жив, царе! Како да не ми биде тажно лицето кога градот, домот, каде што се гробовите на предците мои, е за­пустен и портите негови со оган се изгорени!“ 4И царот ми рече: „Па што бараш?“ Јас се помолив на небесниот Бог 5и му одговорив на царот: „Ако му е угодно на царот, и ако твојот слуга нашол благоволение пред лицето твое, тогаш испрати ме во Јудеја, во градот, каде што се гробовите на предците мои за да го изѕидам.“ 6#5,14; 13,6И ми рече царот пред царицата, која седеше до него: „Колку време ќе трае патот твој, и кога ќе се вратиш?“ И ца­рот се согласи да ме пушти, от­како го определив времето. 7Тогаш му реков на царот: „Ако благоволи царот, нека ми се даде писмо до управителите на областа зад Реката за да ми дозволат да минувам, додека стигнам до Јудеја, 8#Езд 7,6и писмо до Асаф, чуварот на цар­ските шуми, да ми даде дрва за врати­те на тврдината што е кај Божјиот дом, и за градските ѕидишта, и за ку­ќата, во која ќе живеам.“ И царот ми даде, бидејќи раката на Бога беше над мене. 9#Езд 8,22Кога стигнав кај управителите на областа зад Реката, им ги предадов царските писма. А царот беше испра­тил со мене воени началници со коњаници. 10#4,1; 6,1-2.5.12.15; Ест 10,3Кога го слушнаа тоа Санавалат, хорончанецот и Товија, амонски роб, им стана многу непријатно што дошол чо­век да се грижи за доброто на синовите Израелови.
Неемија ја проверува состојбата на ѕидините
11Пристигнав во Ерусалим и оста­нав таму три дни. 12Потоа станав ноќе со неколку ма­жи, што беа со мене, и никому не му кажав што ми ставил Бог на срце да направам за Ерусалим; а немаше никакво добиче со мене, освен она на кое јавав. 13#3,13; 12,31; 2 Лет 26,9Така минав ноќе преку Долин­ските Порти накај Изворот на Змејот и низ Гноишните Порти, ги разгледав раз­рушените ѕидишта на Ерусалим и изго­рените негови порти со оган. 14И дојдов до Изворните Порти и до царскиот базен, но таму немаше место да мине добичето што беше под мене; 15и се вратив назад по долот ноќе и ги разгледав ѕидиштата и, откако минав пак низ Долинските Порти, се вратив. 16Но старешините не знаеја, каде одев и што правев: дотогаш не им бев открил ништо ни на Јудејците, ниту на свештениците, ниту на првенците, ниту на началниците, ниту на другите што беа задолжени околу таа работа. 17#1,3; Ис 58,12; Ез 5,14Затоа им реков: „Гледате во каква неволја се наоѓаме; Ерусалим опусте, и портите негови со оган се изгорени; да одиме и да ги изградиме ѕидовите на Ерусалим, та да не бидеме веќе за срам.“ 18#Езд 7,6И им раскажав дека добрата рака на мојот Бог беше над мене, – и за збо­ровите на царот што ми ги кажа. Па им реков: „Да станеме и да градиме!“ Тогаш им се зацврстија рацете за општо добро дело. 19#Пс 44,12-15Кога го слушнаа тоа Санавалат хорончанецот и Товија, амонски роб, и Гешем Арабјанецот, ни се потсмев­нуваа и рекоа со презир: „Што сакате да направите? Мислите ли да кренете бунт против царот?“ 20#Дела 8,21Јас им одговорив и реков: „Небес­ниот Бог, Тој ќе ни помогне, и ние, слугите Негови, чисти ќе поч­неме да ѕидаме, а за вас нема да има ни дел, ни право, ни спомен во Ерусалим.“

Селектирано:

Неемија 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност