Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Неемија 1

1
Неемија ги прима известувањата за Ерусалим
1 # Зах 7,1; Ест 2,8 Зборовите на Неемија, синот на Хахалија. Во месецот кислев, во дванаесеттата година, кога јас бев во престолниот град Суза, 2#7,2; Ер 52,28дојде Ананија, еден од моите бра­ќа, – тој и неколку мажи од Јудеја. И јас ги прашав за спасените Јудејци што го избегнаа ропството, и за Ерусалим. 3#3 Мојс 26,31; 2 Цар 25,10; Ер 39,8А тие ми рекоа: „Оние што останаа незаробени, се наоѓаат таму, во земјата своја, и се во голема неволја и понижу­вање; а ѕидовите на Ерусалим се урна­ти, и портите негови – со оган изгоре­ни.“
Молитвата на Неемија за заштита на Ерусалим
4 # Пс 137,1; Дан 9,3; 10,2; 2 Лет 20,3 Кога ги чув тие зборови, седнав и заплакав и бев нажален неколку дена, постев и се молев пред Бога небесен, 5#5 Мојс 7,9; Дан 9,4и реков: „Господи, Боже небесен, Боже величествен и страшен, Кој го па­зиш заветот и милоста кон оние што Те сакаат и постапуваат според Твоите за­поведи! 6#2 Лет 6,40Ушите Твои нека бидат внимателни и очите Твои отворени за да ја чујат молитвата на Твојот слуга, со која сега се молам дење и ноќе пред Тебе за синовите Израелови, слугите Твои, и се исповедувам за гревовите на синовите Израелови, со кои згрешивме пред Те­бе; згрешивме – јас и домот на мојот татко. 7Ние станавме престапници пред Тебе и не ги запазивме ни заповедите, ни наредбите, ни законите што ги беше дал на Мојсеј, Твојот слуга. 8#3 Мојс 26,33; 5 Мојс 4,27; 30,1-4Но присети се на зборот што му го беше дал на Мојсеј, Твојот слуга, ве­лејќи: ‚Ако станете престапници, ќе ве растурам меѓу народите, 9#5 Мојс 30,4; 1 Цар 8,48; Ис 11,12; Ер 42,12; Ез 11,17; Мих 2,12; Пс 106,47; 107,3а кога ќе се обратите кон Мене и ќе ги пазите Моите заповеди и ќе ги из­вршувате, тогаш, макар да сте изго­нети и на крајот од небото, и оттаму ќе ве приберам и ќе ве одведам на местото што сум го одбрал за да го воведам таму името Свое.‘ 10#2 Мојс 32,11; 5 Мојс 9,29А тие се Твои слуги и Твој народ што Си го откупил со големата Своја сила и со моќната Своја рака. 11Ти се молам, Господи, нека биде увото Твое внимателно кон молитвата на Твојот слуга и кон молитвата на Твоите слуги, кои сакаат да го страхопочитуваат името Твое. Помогни му денес на Твојот слуга и воведи го во милоста пред очите на тој човек!“ То­гаш јас бев винар кај царот.

Селектирано:

Неемија 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност