Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 18

18
Парабола за вдовицата и судијата
1 # 11,9; Рим 12,12; Гал 6,9; Кол 4,2; 1 Сол 5,17; 2 Сол 3,13 Им кажа и една парабола за тоа како е потребно секогаш да се молат и да не паѓаат со духот. 2И рече: „Во некој град си беше еден судија, кој од Бога не се плашеше, ниту од луѓето се срамуваше. 3Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: ‚Заш­тити ме од мојот противник!‘ 4#12,5Но тој за долго време не сакаше. Најпосле си рече во себе: ‚Иако од Бога не се плашам и од луѓето не се срамувам, 5#11,8но, бидејќи оваа вдовица не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа по­веќе и да не ми додева.‘“ 6И рече Господ: „Чујте што зборува несправедливиот судија! 7#Рим 8,33; Кол 3,12; 2 Тим 2,10; 2 Птр 3,9; Откр 6,10-11Зарем Бог нема да ги одбрани Сво­и­те избраници, што викаат кон Него де­ње и ноќе; макар и да забави? 8#Мт 8,20; Мт 24,10-12; 2 Сол 2,3Ви велам, ќе ги одбрани набргу. Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“
Парабола за фарисејот и цариникот
9 # 5,32; 15,7; 16,15; Мт 6,1; 23,28 А на оние што беа уверени во себе дека се праведни и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: 10„Два човека влегоа во храм да се помолат: едниот фарисеј, а другиот цариник. 11Кога застанаа, фарисејот вака се молеше во себе: ‚Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе; разбојници, несправедливи, прељубници, или како овој цариник. 12#5,33; 11,42; 1 Мојс 14,20; 28,22; Мт 23,23Постам двапати во седмицата, да­вам десеток од сѐ што ќе стекнам.‘ 13#23,48; Пс 51,2; 78,38А цариникот стоеше одда­леку; не смееше дури и очите да ги по­дигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: ‚Боже, биди милостив спрема мене грешниот!‘ 14#Изреки 29,23; Мт 18,4; 23,12; 1 Птр 5,6Ви велам: тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној, зашто секој што самиот себе се возвишува, ќе биде понизен, а кој се понизува себе самиот, ќе биде возвишен.“
Исус ги благословува малите деца
(Мт 19,13-15; Мк 10,13-16)
15 # 9,47 Кај Него донесуваа и мали деца за да ги допре; а учениците, штом ќе видеа, им забрануваа. 16Но тогаш Исус ги повика и им ре­че: „Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене, и не ги спречувајте, зашто на таквите им припаѓа царството Божјо! 17#10,21; Мт 5,20; 18,3Вистина ви велам: кој нема да го прими царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него.“
Богатиот човек
(Мт 19,16-30; Мк 10,17-31)
18 # 10,25 И Го праша еден управник, велејќи: „Учителе добар, што да направам за да наследам живот вечен?“ 19А Исус му рече: „Зошто Ме на­ре­куваш добар? Никој не е добар, освен Единиот Бог. 20#2 Мојс 20,12-16; 5 Мојс 5,16-20; Рим 13,9; Јк 2,11Ги знаеш заповедите: не прави прељуба, не убивај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татко си и мајка си.“ 21А тој рече: „Сето тоа сум го за­па­зил уште од младоста своја.“ 22#5,11; 12,33; Мт 6,20; Дела 2,45; Кол 3,1-2Штом го слушна тоа, Исус, му рече: „Уште едно само ти недостасува: продај сѐ што имаш и раздај го на сиромаси, и ќе имаш ризница на небото; потоа дојди и врви по Мене!“ 23А тој, кога го слушна тоа, многу се нажали, зашто беше многу богат. 24Штом виде дека тој се растажи, Исус рече: „Колку е тешко во царството Божјо да влезат оние што имаат бо­гатство! 25Полесно ѝ е на камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.“ 26Оние што го чуја тоа, рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“ 27#1,37; 1 Мојс 18,14; Ер 32,17; Јов 42,2; Мк 14,36А Тој одговори: „Неможното за лу­ѓето е можно за Бога.“ 28Петар, пак, рече: „Ете, ние оставив­ме сѐ и тргнавме по Тебе.“ 29#14,26Тој им рече: „Вистина ви велам де­ка секој што оставил куќа или ро­ди­те­ли, или браќа, или сестри, или жена, или деца, заради царството Божјо, 30#20,34-35; Мт 12,32добил многу повеќе од тоа уште се­га, во ова време, а во идниот век – и живот вечен.“
Исус по третпат ги претскажува Својата смрт и воскресение
(Мт 20,17-19; Мк 10,32-34)
31 # Мт 8,20; Дела 3,18 И кога ги зеде со Себе Дванаесетте, им рече: „Еве, одиме кон Ерусалим и сѐ ќе се исполни, што напишале проро­ци­те за Синот Човечки: 32#9,22.44-45; 17,25дека ќе го предадат на незнабошци и ќе се потсмеваат со Него, ќе Го из­ма­чуваат и ќе Го плукаат, 33ќе Го камшикуваат и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“ 34#9,45; Мк 9,32Но тие ништо од ова не разбраа; овие зборови за нив беа сокриени и тие не сфатија што им кажа.
Прогледувањето на слепиот
(Мт 20,29-34; Мк 10,46-52)
35А додека се приближуваше Тој до Ерихон, еден слеп човек седеше крај патот и питаше; 36и штом чу дека покрај него минува народ, праша: „Што е тоа?“ 37#Мт 2,23; Дела 2,22; 22,8Му кажаа дека минува Исус од На­зарет. 38#Мт 1,1; 9,27Тогаш тој извика и рече: „Исусе, Сине Давидов, смилувај ми се!“ 39Оние што одеа напред, го опоменаа да молчи; но тој уште погласно викаше: „Сине Давидов, смилувај ми се!“ 40Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога оној се приближи до Него, го праша, 41велејќи: „Што сакаш да ти на­пра­вам?“ Тој рече: „Господи, да про­гле­дам!“ 42#7,50; 17,19Тогаш Исус му рече: „Прогледај! Верата твоја те спаси.“ 43#2,20; 19,37И одеднаш прогледа и тргна по Не­го, славејќи Го Бога. И сиот народ, кога го виде тоа, Му воздаде слава на Бога.

Селектирано:

Лука 18: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност