Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 16

16
Парабола за досетливиот настојник
1 # 12,42 А на учениците Свои им рече: „Си беше еден богат човек кој имаше настојник; и тој беше на­кле­ве­тен пред него дека го растура неговиот имот. 2#Рим 14,12И тој го повика, и му рече: ‚Што е ова што слушам за тебе? Дај сметка за раководењето, зашто веќе не ќе можеш да бидеш настојник.‘ 3А настојникот си рече во себе: ‚Што да правам? Господарот мој го одзема од мене раководењето на куќата; да копам, не можам, да просам – се срамам. 4Знам што да направам, за да ме примат луѓето во своите домови, откако ќе бидам отпуштен од раководењето на ку­ќата.‘ 5И кога ги повика должниците на својот господар, секого поодделно, му рече на првиот: ‚Колку му должиш на мојот господар?‘ 6Тој одговори: ‚Сто мери масло.‘ И му рече: ‚Земи си ја потврдата, седни бргу и напиши педесет!‘ 7Потоа му рече на другиот: ‚А ти, колку должиш?‘ Тој одговори: ‚Сто ме­ри пченица.‘ И му рече: ‚Земи си ја пот­врдата и напиши осумдесет!‘ 8#20,34; Јн 8,12; 12,36; Ефес 5,8; 1 Сол 5,5И го пофали господарот неспра­вед­ливиот настојник, зашто постапил до­сетливо; зашто синовите на овој свет кон својот род се подосетливи од сино­вите на светлината.
За неправедно стекнатото богатство и за вистинското добро
9 # 12,33; 18,22 И јас ви велам: создадете си прија­те­ли преку неправедно богатство, па, кога тоа ќе исчезне, да ве примат во вечните живеалишта. 10#19,17; Мт 25,21.23Верниот во малку и во многу е ве­рен, а несправедливиот и во многу и во малку е несправедлив. 11Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското? 12И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето? 13#Мт 6,24Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бо­га и на Мамон#16,13 Мамонзначи добивка, богатство.“
Законот и царството
(Мт 11,12-13; 5,31-32; Мк 10,11-12)
14 # 20,47 Сето тоа го слушаа фарисеите, што беа среброљупци, и Му се потсмеваа. 15#20,20; 1 Сам 16,7; Ер 11,20; Изреки 16,5; 24,12; Мт 23,28; Дела 15,8И им рече: „Вие се правите праведни, пред луѓето но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што меѓу луѓето се цени, пред Бога е одвратност. 16#4,43; 13,24; Мт 3,1Законот и Пророците беа до Јован; а оттогаш се проповеда Евангелието за царството Божјо и секој со усилие се обидува да влезе во него. 17#Мт 5,18Но полесно е небото и земјата да поминат, отколку една точка од За­ко­нот да падне. 18#Мт 5,32; 19,9; 1 Кор 7,10-11Секој, што ја остава жената своја и се жени со друга, извршува прељуба, и секој што се жени со онаа што ја ос­та­вил мажот, прави прељуба.“
Парабола за богатиот човек и Лазар
19„Си беше еден богат човек кој се облекуваше во порфир и во свила, и се­кој ден живееше раскошно и се веселе­ше. 20#Јн 11,1-44; 12,1.9А еден сиромав, по име Ла­зар, лежеше пред вратата негова сиот покриен со красти, 21#Изреки 26,11; Мт 7,6; 15,27кој сакаше да се нахрани со трош­ките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа ра­ните негови. 22#13,28Умре сиромавиот и ангелите го од­несоа во пазувите Авраамови; умре и богатиот и го погребаа. 23И во пеколот, додека беше во маки, ги подигна очите свои и го виде оддалеку Авраам и Лазар во не­говите пазуви. 24Тогаш тој извика и рече: ‚Оче Аврааме, смилувај ми се и прати го Ла­зар да го накваси својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, зашто многу страдам во овој пламен!‘ 25#6,21.24Но Авраам рече: ‚Синко, сети се де­ка ти си го добил своето добро уште до­дека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти се мачиш. 26Освен тоа, меѓу вас и нас има голема провалија така што оние кои би сакале да дојдат кај вас, не можат; а исто така и оние оттаму – кај нас.‘ 27А тој пак рече: ‚Тогаш, те молам, оче, прати го во татковата ми куќа, 28зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките!‘ 29#24,44; Јн 5,45-47; Дела 15,21Авраам му рече: ‚Тие ги имаат Мој­сеј и Пророците; нив нека ги слушаат!‘ 30А тој рече: ‚Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите оди кај нив, тогаш ќе се покаат.‘ 31#24,27.44; Јн 5,46-47; 11,44; 20,29Авраам му рече: ‚Штом Мојсеј и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат.‘“

Селектирано:

Лука 16: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност