Плачот 5
5
Молитва на угнетениот народ
1 #
Ис 63,15
Спомни си, Господи, што нѐ снајде; милостиво погледај и види го срамот наш! 2#Авд 1,11Наследството наше мина на туѓинци, куќите наши – на луѓе од други племиња; 3#Пс 68,5; Јн 14,18останавме сираци, без татко; мајките наши се како вдовици. 4#Ис 55,1Водата своја ја плаќаме за сребро, дрвата наши ги купуваме со пари. 5На вратот имаме јарем, и нѐ гонат; исцрпени сме и не ни даваат да здивнеме. 6#Ер 2,18; Ос 12,2Протегаме рака кон Египќаните и кон Асирците, за да се нахраниме со леб. 7#Ер 2,5; 7,25; Ез 18,2; Ис 53,6Татковците наши грешеа: нив ги нема веќе, а ние трпиме казна за нивното беззаконие. 8Робовите ни се господари, а нема кој да нѐ избави од рацете нивни. 9Храната си ја набавуваме со страв – пред мечот во пустината. 10Од лут глад, кожата ни поцрнела како печка. 11Жените ни ги бесчестат на Сион, девојките – во градовите јудејски. 12Кнезовите ги изобесија со свои раце, лицата на старците не ги почитуваа. 13Момците носеа воденички камења, а децата паѓаа под товари дрва. 14Старците веќе не седат пред портите; момците не пеат. 15Се сврши радоста на срцето наше; нашите ора се претворија во тага. 16Падна венецот од нашата глава; тешко нам, што згрешивме! 17Поради тоа и боледува срцето наше; поради тоа и потемнеа очите наши. 18#Ис 34,13-15; Ез 13,4; Мих 3,12Бидејќи запусте гората Сион, лисици одат по неа. 19#Пс 102,12; 145,13; 146,10Ти, Господи, остануваш вечно; престолот Твој е од род во род. 20#Ис 49,14; Пс 44,24Зошто наполно нѐ забораваш, нѐ оставаш долго време? 21#Ер 31,18Врати нѐ кон Себе, Господи, и ние ќе се вратиме; обнови ги деновите наши како во старо време. 22#Ис 64,8; Ер 14,19; 33,24-26Зар наполно си нѐ отфрлил, зар без мерка си се разгневил на нас?
Селектирано:
Плачот 5: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006