Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 9

9
Божјото ветување на Ное
1 # 1,28 Тогаш Бог го благослови Ное и синовите негови, и им рече: „Пло­дете се и множете се, и полнете ја земјата! 2А сите земни животни и сите небески птици, и сѐ што лази по земјата, и сите морски риби да се плашат од вас: во ваши раце се предадени. 3#1,29; 5 Мојс 12,15-16; Дела 10,11-16; Рим 14,3; 1 Тим 4,3Сѐ што се движи и живее, ќе ви биде храна; сѐ ви давам, како што ви ги бев дал зелените билки. 4#3 Мојс 17,11-14Само не смеете да ги јадете живите суштества додека во нив има душа, односно крв! 5#2 Мојс 20,13А за вашата крв, во која е вашиот живот, ќе барам сметка; од секој ѕвер ќе ја барам; ќе ја барам, исто така, душата човечка од раката на човек, од раката на братот негов; 6#1,26; 2 Мојс 21,23кој ќе пролее човечка крв, и неговата крв ќе се пролее од човечка рака; зашто човекот е создаден според образот Божји. 7Вие, пак, плодете се и множете се; ширете се на земјата и наполнете ја!“ 8И му рече Господ на Ное и синовите негови со него, велејќи: 9#6,18„А Јас, еве, го поставувам заветот Мој со вас и со вашето потомство по вас, 10и со секоја жива душа, која е со вас, со птиците, и со добитокот, и со сите земни ѕверови, што се со вас, со сѐ она што излегло од ковчегот, со сите земни животни; 11#Ис 54,9-10го поставувам заветот Мој со вас дека отсега нема веќе ниедна плот да загине од потоп и дека повеќе не ќе има потоп да ја запустува земјата!“ 12И рече Бог: „Еве го знакот на заветот, што го поставувам меѓу Мене и вас и меѓу секоја жива душа, која е со вас, за сите идни поколенија: 13#Ез 1,28; Откр 4,3божилак Свој поставувам во обла­кот, за да биде знак на заветот меѓу Мене и земјата. 14Па кога облак ќе навеам на земјата, ќе се појави божилакот во облакот, 15#Ис 54,9и ќе си спомнам за заветот Мој, кој е меѓу Мене и вас и меѓу секоја душа, што живее во плот; и нема веќе да има потоп за да ја уништи секоја плот. 16Божилакот ќе биде во облакот, и Јас ќе го видам и ќе си спомнам за вечниот завет меѓу Бога и меѓу секоја жива душа во секоја плот, што е на земјата.“ 17И му рече Бог на Ное: „Тоа е зна­кот на заветот, што го поставив меѓу Мене и меѓу секоја плот, што е на земјата!“
Тројцата синови на Ное
18 # 10,1-6 Синовите Ноеви, кои излегоа од ковчегот, беа: Сим, Хам и Јафет. Хам е татко на Ханан. 19Тоа се трите сина Ноеви, и од нив се насели целата земја. 20А Ное почна да ја обработува земјата, и насади лозје. 21#Изреки 23,29-35; Ефес 5,18И се напи од виното, па се опи, и легна гол среде шаторот свој. 22А Хам, таткото на Ханан, ја виде голотијата на таткото свој, и излезе, та им го кажа тоа на обајцата браќа свои. 23Но Сим и Јафет зедоа облека, и, наметнуваќи ја на рамената свои, појдоа назадешкум и ја покрија со неа голотијата на таткото свој; лицата им беа свртени наназад, и тие не ја видоа голотијата на својот татко. 24А кога се истрезни Ное од виното, дозна што му беше направил помладиот негов син, 25#5 Мојс 27,16па рече, „Проклет да е Ханан; тој ќе биде слуга на слугите од браќата свои!“ 26#Суд 1,28И уште рече: „Благословен да е Гос­под Бог Симов; а Ханан ќе му биде слуга! 27Нека го рашири Бог Јафет, и тој нека живее во шаторите на Сим; а Ха­нан ќе му биде слуга!“ 28И поживеа Ное по потопот триста и педесет години. 29А сѐ на сѐ поживеа Ное деветстотини и педесет години; потоа умре.

Селектирано:

Создавање 9: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност