Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 5

5
Родословот на патријарсите од Адам до Ное
1 # 1,26 Ова е родослов на Адам: Кога Бог го создаде човекот, го создаде спо­ред образот Божји. 2Маж и жена ги создаде, и ги благослови, и ги нарече – човечки суш­тества – во денот кога беа создадени. 3Адам поживеа сто и триесет години, кога му се роди син според подобието негово и според образот негов, и му даде име Сит. 4А откако го роди Сит, Адам по­живеа уште осумстотини години, ра­ѓајќи синови и ќерки. 5И сите денови, што ги поживеа Адам, изнесуваа деветстотини и три­есет години; потоа тој умре. 6Сит, пак, поживеа сто и пет години и му се роди Енох. 7По раѓањето на Енох, Сит живееше уште осумстотини и седум години, раѓајќи синови и ќерки; 8така поживеа Сит вкупно деветстотини и дванаесет години и потоа умре. 9Енох, пак, имаше деведесет години, кога му се роди Каинан. 10А откако го роди Каинан, Енох живееше уште осумстотини и петнаесет години, раѓајќи синови и ќерки; 11и така сите денови на Енох изнесуваа деветстотини и пет години; потоа тој умре. 12Каинан, пак, поживеа седумдесет години и го роди Махалалеил; 13а по раѓањето на Махалалеил Ка­инан живееше уште седумстотини и четириесет години, раѓајќи синови и ќерки. 14И така Каинан поживеа вкупно де­ветстотини и десет години; и умре. 15А Махалалеил поживеа шеесет и пет години, и го роди Јаред. 16По Јаредовото раѓање Махалалеил живееше уште осумстотини и триесет години, раѓајќи синови и ќерки. 17А сите денови од животот на Махалалеил беа осумстотини деведесет и пет години; потоа тој умре. 18Јаред, пак, поживеа сто шеесет и две години и го роди Енох; 19а откако го роди Енох, Јаред живееше уште осумстотини години, раѓајќи синови и ќерки. 20Сите денови, пак, од животот на Јаред изнесуваа деветстотини шеесет и две години; и умре. 21Енох, откако поживеа шеесет и пет години, го роди Метушелах; 22#49,14а по раѓањето на Метушелах, Енох живееше според волјата Божја триста години, раѓајќи синови и ќерки. 23А сите денови на Енох изнесуваа триста шеесет и пет години. 24#Евр 11,5И Енох, живеејќи според волјата Божја, исчезна, бидејќи Бог го зеде. 25Матусал, пак, поживеа сто осумдесет и осум години, и го роди Ламех; 26па, откако го роди Ламех, Метушелах живееше уште седумстотини осумдесет и две години, раѓајќи синови и ќерки; 27а сите денови од животот на Метушелах беа деветстотини шеесет и девет години; потоа умре. 28Ламех, пак, откако поживеа сто осумдесет и две години, доби син. 29#3,17-19И го нарече Ное, велејќи: „Овој ќе нѐ утеши во работите наши и во трудот на рацете наши на земјата, што Господ ја проколна.“ 30А откако се роди Ное, Ламех поживеа уште петстотини деведесет и пет години, раѓајќи синови и ќерки. 31Така поживеа Ламех вкупно седумстотини седумдесет и седум години; и умре. 32#6,10; 9,18; 10,1Ное имаше петстотини години, кога ги роди: Сим, Хам и Јафет.

Селектирано:

Создавање 5: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност