Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 14

14
Аврам, царевите и Мелхиседек
1Кога Амрафел беше шинарски цар, еласарски цар Арјох, елам­ски цар Кедорлаомер и гоимски цар Тидал, 2сите тие цареви започнаа војна против содомскиот цар Бера, против царот на Гомора Бирша, против царот на Адма Шинав, цевоимскот цар Шемевер и со царот на Бела, односно Сигор. 3Сите тие се собраа во долината Сидим, која сега е Солено Море. 4Дванаесет години му служеа на Ке­дор­лаомер, а во тринаесеттата се по­бунија. 5#2 Мојс 17,8; 5 Мојс 2,10Во четиринаесеттата дојде Кедор­ла­омер и царевите, кои беа со него, па ги поразија Рефаимците во Аштер­от-Кар­наим, Зузимците во Хам, Емим­ците во Шаве-Кирјатаим, 6Хоријците во гората нивна Сеир, дури до рамнината Фаран, што е крај пустината. 7А кога се вратија оттаму, дојдоа до изворот Мишпат, односно Кадис, и ја опустошија целата област амаликиска, како и Аморејците, кои живееја во Хацацон-Тамар. 8Тогаш излегоа царот содомски и царот на Гомора, царот на Адма, царот цевоимски и царот од Бела, односно Сигор, и појдоа во борба против оние во долината Сидим: 9против Кедорлаомер, царот елам­ски, и Тидал, царот гоимски, и Амра­фел, царот шинарски, и Арјох, царот еласарски; четири цара против пет. 10Во долината Сидим имаше, пак, многу јами, од кои се вадеше асфалт. И побегнаа царот содомски и царот на Гомора, и паднаа во нив; а другите избегаа во планините. 11Победниците го зедоа сиот имот на Содом и Гомора и сета храна нивна, па си отидоа. 12Го зедоа и Лот, братанецот Авра­мов, кој живееше во Содом, и имотот негов, и си отидоа. 13А еден од оние, што се беа изба­виле, дојде и му јави на Евреинот Аврам, кој тогаш живееше кај светите дрвја. Мамре, Амореецот, со браќата Ешкол и Анер беа Аврамови сојузници. 14А кога Аврам чу дека му е заробен братанецот, ги вооружа слугите свои, триста и осумнаесет, кои се родија во неговата куќа, и тргнаа во потера до Дан. 15Тука ги распореди своите слуги и удри на нив ноќе, и ги разби, и ги гонеше до Хова, кој е северно од Да­маск. 16И го поврати сиот имот и Лот, братанецот свој, со имотот негов, и жените и народот. 17А царот содомски му излезе во прес­рет, кога се враќаше, откако го разби Кедорлаомер и царевите, што беа со него, во долината Шаве, која е сега Долина на царевите. 18#Пс 110,4; Евр 7,1И Мелхиседек, царот шалемски, из­не­се леб и вино; а тој беше свештеник на Севишниот Бог, 19па го благослови, велејќи: „Благо­словен да е Аврам од Севишниот Бог, Создателот на небото и земјата! 20#28,22Благословен да е и Севишниот Бог, Кој ги предаде непријателите твои во рацете твои!“ И му даде Аврам десетти дел од сѐ. 21А содомскиот цар му рече на Ав­рам: „Дај ми ги мене луѓето, а имотот земи си го за себе!“ 22Но Аврам му рече на царот содомски: „Ја кревам раката своја кон Севиш­ниот Господ Бог, Создател на небото и на земјата, 23дека ни конец, ниту, пак, ремен од обувки, нема да земам од сѐ она, што е твое, да не речеш – јас го збогатив Аврам, 24освен, она што изедоа момците, и освен делот на луѓето што одеа со мене: Анер, Ешкол и Мамре; тие нека го земат својот дел.“

Селектирано:

Создавање 14: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност