Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 13

13
1И тргна Аврам од Египет кон југ, со сѐ што имаше, тој, жената негова, а и Лот со нив.
Аврам и Лот се разделуваат
2 # 24,35; Пс 112,1-3; Јов 1,3-10; Изреки 3,9-10 А Аврам беше многу богат со добиток, со сребро и со злато. 3#12,8И ги продолжи тој патувањата свои од Негев до Ветил, до местото, каде што порано му беше поставен шаторот, меѓу Ветил и Гај; 4до местото, каде што најнапред беше подигнал жртвеник; и таму го призва Аврам името Господово. 5А и Лот, кој одеше со Аврам, имаше ситен и крупен добиток и шатори. 6#36,7И земјата беше тесна, за да живеат заедно, бидејќи имотот нивни беше толку голем, што не можеа да живеат заедно. 7#26,20И стана караница меѓу пастирите на Аврамовиот добиток и пастирите на Лотовиот добиток. А во таа земја живееја тогаш Хананци и Перизијци. 8Затоа Аврам му рече на Лот: „Не треба да се караме јас и ти, ни моите пастири со твоите пастири, зашто сме роднини. 9Не е ли пред тебе целата земја? Оддели се од мене. Ако тргнеш ти на лево, јас ќе тргнам на десно; ако ти појдеш на десно, јас, пак, на лево.“ 10#2,9; 19,24-25Тогаш Лот ги крена очите свои и ја виде целата околина јорданска, која, пред Бог да ги уништи Содом и Гомора, целата, сѐ до Сигор се напојуваше со вода, како рајот Божји и како земјата египетска. 11И Лот ја избра за себе целата околина јорданска; па појде Лот кон исток; и се разделија еден од друг. 12#1 Мојс 19,17Аврам се насели во земјата ханан­ска, а Лот се настани во околните гра­дови, поставувајќи ги шаторите свои дури до Содом. 13Луѓето, пак, во Содом беа лоши, и многу грешни пред Господ. 14И му рече Бог на Аврам, откако Лот се оддели од него: „Крени ги очите свои, па погледни од местото, каде што си сега, на север и на југ, на исток и на запад, 15#12,7зашто целата земја што ја гледаш, ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое довека; 16ќе го умножам потомството твое да биде колку што е песокот на земјата; ако некој може да го изброи песокот на земјата, ќе може да го изброи и потомството твое. 17Стани и изоди ја оваа земја во должина и во широчина, зашто ќе ти ја дадам тебе.“ 18#23,2; 4 Мојс 13,22; 2 Сам 2,1И Аврам ги крена шаторите свои, и отиде да се насели кај дабовите во Мамре, што беше кај Хеврон, и таму Му подигна жртвеник на Господ.

Селектирано:

Создавање 13: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност