Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 12

12
АВРАМ
Бог го повикува Аврам да ја напушти својата земја
1 # Ис 41,8-9; Дела 7,2-4; Евр 11,8-10 И му рече Господ на Аврам: „Излези од својата земја, и од родот свој, и од домот на татко си, па појди во земјата што ќе ти ја покажам Јас! 2#13,16; 15,5; 17,4; 22,17; 26,4; 35,11; Ис 51,2; Гал 3,16А од тебе ќе направам голем народ, и ќе те благословам, и името твое ќе го прославам и ти ќе бидеш благословен. 3#18,18; 22,18; 26,4; 27,29; 28,14; 4 Мојс 24,9; Ер 4,2; Гал 3,8-9Ќе ги благословам оние, што тебе ќе те благословуваат, и ќе ги проколнам оние, што тебе ќе те проколнуваат и преку тебе ќе бидат благословени сите народи на земјата.“ 4Тогаш тргна Аврам, како што му ка­жа Господ, а со него појде и Лот. Аврам имаше седумдесет и пет години кога излезе од Харан. 5#11,31И ги зеде Аврам Сараја, жената своја, и Лот, братанецот свој, со целиот имот што го беа спечалиле, и слугите што ги беа придобиле во Харан, па из­легоа за да отидат во земјата хананска.
Аврам во земјата Ханан, а потоа во Египет
6 # 33,18-20 И Аврам ја помина таа земја до мес­тото Сихем, кај светото дрво во Мамре; а тогаш во таа земја живееја Хананци. 7#13,15; 15,18; 17,8; 26,3-4; 5 Мојс 1,7-8; 34,4; Дела 7,5И му се јави Господ на Аврам и му рече: „Оваа земја ќе му ја дадам на тво­ето потомство.“ И му подигна таму жртвеник на Господ, Кој му се јави. 8#28,19Потоа оттаму тој замина кон планината, на исток од Ветил, и таму го распна шаторот свој; и Ветил му беше од запад, а Гај од исток; и таму Му подигна на Господ жртвеник, и го призва името Господово. 9А оттаму се крена Аврам и се упати кон југ. 10#26,1-11; 42,1-2Но имаше глад во таа земја и Ав­рам слезе во Египет да поживее таму; зашто гладот продолжи во оваа земја. 11И кога се доближуваше до Египет, ѝ рече на жената своја Сараја: „Еве, јас знам дека си убава жена; 12затоа, кога ќе те видат Египќаните, ќе речат – оваа му е жена – па ќе ме убијат, а тебе ќе те остават жива. 13Туку, кажи дека си ми сестра, за да ми биде добро покрај тебе и да ме остават жив поради тебе.“ 14И кога дојде Аврам во Египет, Егип­ќаните видоа дека таа е многу убава жена. 15Ја видоа и дворјаните фараонови, па ја пофалија пред фараонот. И жената беше одведена во домот фараонов. 16И поради неа Аврам живееше до­бро; имаше ситен и крупен добиток, магариња, слуги, слугинки, маски и камили. 17Но Бог пушти големо зло на фа­раонот и на неговиот дом поради Са­раја, жената Аврамова. 18Тогаш фараонот го повика Аврам и му рече: „Зошто ми го направи тоа? Зошто не ми кажа дека ти е жена? 19Зошто рече ‚сестра ми е‘, па јас сакав да ја земам за жена?! Сега, пак, ете ти ја жената, земи си ја и оди си!“ 20И фараонот определи луѓе, кои го испратија Аврам и жената негова, со сѐ што имаше.

Селектирано:

Создавање 12: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност