Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 11

11
Вавилонската кула
1 # Дела 2,1-11; Откр; 7,9-10 По целата земја имаше еден јазик и исти зборови. 2А кога луѓето се селеле од исток, најдоа рамнина во земјата Сенаар и се населија таму. 3И си рекоа меѓу себе: „Ајде да пра­виме тули и на оган да ги печеме!“ И користеа тули наместо камен и земјана смола наместо вар. 4Потоа рекоа: „Ајде да си соѕидаме град и кула, висока до небото; и да се здобиеме со име, пред да се растуриме по целата земја!“ 5Тогаш Господ се спушти да го види градот и кулата, што ги ѕидаа синовите човечки. 6И рече Господ: „Ете, еден народ се и сите имаат еден јазик; ова е само поче­ток на нивните настојувања. Наскоро ќе прават сѐ што ќе наумат! 7Ајде да слеземе и да им го збркаме нивниот јазик за да не се разбираат еден со друг што зборуваат!“ 8И така Господ ги растури оттаму по целата земја, и престанаа да го ѕидаат градот. 9#Ер 51,53; Јн 11,52Затоа тој се нарече Вавилон#11,9 Вавилон, или поточно „Бабел“, на еврејски јазик значи „измешан.“, зашто таму го збрка Господ јазикот на целата земја и оттаму ги растури Господ по целата земја.
Родословие на патријарсите од Сим до Авраам
10 # 1 Лет; 1,17-27; Лк 3,34-36 Ова е родословието на Сим: Сим имаше сто години кога го роди Ар­факсад, две години по потопот. 11И откако го роди Арфаксад, поживеа Сим петстотини години, раѓајќи синови и ќерки. 12А Арфаксад поживеа триесет и пет години и го роди Сала. 13По раѓањето на Сала, Арфаксад поживеа четиристотини и три години, раѓајќи синови и ќерки. 14Сала поживеа триесет години и го роди Евер. 15А, откако го роди Евер, Сала поживеа четиристотини и три години, раѓајќи синови и ќерки. 16Евер поживеа триесет и четири години, и го роди Фалек. 17По раѓањето на Фалек, Евер поживеа четиристотини и триесет години, раѓајќи синови и ќерки. 18А Фалек поживеа триесет години и го роди Рагав. 19А, откако го роди Рагав, Фалек поживеа двесте и девет години, раѓајќи синови и ќерки. 20Рагав поживеа триесет и две години и го роди Серух; 21а откако го роди Серух, Рагав поживеа двесте и седум години, раѓајќи синови и ќерки. 22Серух поживеа триесет години и го роди Нахор. 23По раѓањето на Нахор, Серух по­живеа двесте години, раѓајќи синови и ќерки. 24Нахор, пак, поживеа дваесет и де­вет години и го роди Тара; 25по раѓањето на Тара, Нахор по­живеа сто и деветнаесет години, раѓајќи синови и ќерки. 26Тара поживеа седумдесет години и ги роди Аврам, Нахор и Аран. 27А еве го родословието на Тара: Тара ги роди Аврам, Нахор и Аран; а Аран го роди Лот. 28Аран умре кај таткото свој Тара во родната земја, во Ур Халдејски. 29#22,20-23А Аврам и Нахор се оженија; името на жената Аврамова беше Сараја, а на жената Нахорова името ѝ беше Милка, ќерка на Аран, татко на Милка и Иска. 30#16,1; 17,17-21; 18,11-12Сараја беше неплодна и немаше пород. 31#15,7И го зеде Тара синот свој, и внукот од синот свој, Лот, син Аранов, и Сараја, снаата своја, жената на неговиот син Аврам; па излегоа заедно од Ур Халдејски за да појдат во земјата хананска; и дојдоа до Харан, каде што и се населија. 32И поживеа Тара двесте и пет години; и умре Тара во Харан.

Селектирано:

Создавање 11: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност