Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 10

10
Народите на земјата
1А ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои по потопот им се родија синови. 2#Ез 27,13; 38,6Синовите на Јафет се: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мешех и Тирас. 3А синовите Гомерови се: Ашкеназ, Рифат и Тогарма. 4Синовите, пак, Јаванови се: Елисеј, Тарсис, Китим и Роданим. 5Од нив се разгранаа одделни народи во земјите нивни, секој според јазикот свој, според родот свој, и народот свој. 6#9,18; 12,6Хамовите синови се: Куш, Миц­раим, Пут и Ханан. 7#1 Цар 10,1-3А синовите Кушови: Сева, Евила, Сафта, Рама и Сафтеха. Синовите, пак, Рамаови се: Сева и Дедан. 8#Мих 5,5Куш го роди Нимрод; тој започна да станува силен на земјата; 9тој беше добар ловец пред Господ; затоа се вели: – добар ловец пред Гос­под, како Нимрод. 10Во почетокот негови царства беа: Вавилон, Ерех, Акад и Калне, сите во земјата Сенаар. 11#Наум 1,1; 3,19Од таа земја излезе Ашур, и ги соѕида Ниневија, Ревот, Калах, 12и Ресен меѓу Ниневија и Калах; тој е голем град. 13Од Мицраим произлегоа потомците на Луд, Енам, Лаав и Нафтух, 14како и потомците на Патру и Кас­лух, од кои водат потекло Филистејците и Кафторимите. 15А Ханан го роди својот првенец Сидон, и Хет, 16потоа Јевусиј, Амориј, Гергесеј, 17Евеј, Аркиј, Синиј, 18Арвадиј, Цамариј и Аматиј. А потоа племињата ханански се раселија. 19Пределите, пак, ханански беа од Си­дон кон Герар сѐ до Газа, и потоа до Содом, Гомора, Адма и Цевоим, па сѐ до Лаша. 20Тоа се синовите Хамови, според семејствата нивни, според јазиците нивни, во нивните земји и во народите свои. 21И на Сим му се родија синови, на постариот брат Јафетов, татко на сите синови Еверови. 22А синовите Симови беа: Елам, Ашур, Арфаксад, Луд и Арам. 23Синовите, пак, Арамови се: Уц, Ул, Гетер и Маш. 24Арфаксад го роди Сала, а Сала го роди Евер. 25На Евер му се родија двајца синови: на едниот му беше име Фалек, зашто во неговото време се раздели земјата, а името на брат му беше Јоктан. 26Јоктан го роди Алмодад, Шалеф, Хацармавет и Јерах, 27Хадорам, Узал и Дикла, 28па Овал, Авимаел и Сева, 29потоа Офир, Авила и Јовав – сите тие беа синови Јоктанови. 30Живеалиштата им беа од Меша до источната гора Сефар. 31Тоа се Симовите синови според ро­довите нивни, според јазиците нивни, во нивните земји и според нивните народи. 32#9,1; 5 Мојс 32,8Тоа се родовите на синовите Ноеви според нивните родословија, и според народите нивни. Од нив се раширија на­роди по земјата после потопот.

Селектирано:

Создавање 10: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност